Нова: Ховит порача МВР да ги најде напаѓачите на ЛГБТ центарот

Нова: Ховит порача МВР да ги најде напаѓачите на ЛГБТ центарот

Телевизијата Нова денеска извести дека известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит го посетил ЛГБТ Центарот за поддршка во Старата скопска чаршија каде што се сретнал со претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

 

Тој изјавил дека посетата била на негова иницијатива за да им даде поддршка на членовите на ЛГБТ популацијата во земјава, како и на Центарот кој е мета на чести напади.
„Сметам дека петте одделни напади врз ЛГБТ Центарот се шокантни и сторителите не смеат да поминат неказнето. МВР мора да одговори на овие жалби“.

 

Претседателот на Хелсиншкиот комитет Гордан Калајџиев изјавил дека на средбата со Ховит се разговарале за состојбите со правата на ЛГБТ луѓето и почитувањето на човековите права.

 

„Има сериозни проблеми со човековите права иако власта се труди да ги претстави овие проблеми како маргинални и името се претставува како единствено проблем за евроинтеграциите, што не е точно, бидејќи државата има сериозни проблеми со демократијата“.

 

ЛГБТ Центарот за поддршка досега беше мета на повеќе напади на хулигани, меѓу кои и еден обид за палање на истиот.

 

Извор: nova tv