Молдавија ја укина забраната за „геј пропаганда“

Молдавија ја укина забраната за „геј пропаганда“


И покрај спротиставувањата на Православната црква и Комунистичката партија во земјата, Молдавските законодавци гласаа за укинување на забраната на таканаречената хомосексуална пропаганда слична како онаа во Русија.

 

Радио Слободна Европа пренесе дека активисите на Православната црква и десетина пратеници од опозициската Комунистичка партија се обиделе да го блокираат влезот на молдавската Палата на републиката за да ја сопрат владата во намерата да усвои нови ЛГБТ закони за антидискриминација. Но, и покрај тоа, молдавските пратеници успеале да ја укинат забраната за „геј пропаганда“.

 

Укунувањето на забраната преставува прв чекор во усвојувањето на закон за антидискриминација, затоа што доколку тоа не би сторено новиот закон би бил противречен со забраната.

 

Молдавската влада ја укина забраната со надеж дека ќе и биде понуден договор за асоцијација во ЕУ на источниот партнерски самит кој следниот месец ќе се оддржи во Вилнус, Литванија.

 

Православната црква во Молдавија, која е во блиски односи со Руската црква, дури им се закани на законодавците дека ќе им забрани да учествуваат во црковната служба доколку го усвојат законот за антидискриминација.

 

На почетокот од месецот грузискиот претседател Микеил Саакашвили го обвини рускиот претседател Владимир Путин за извезување на хомофобијата во поранешните советски земји во обид да воспостави контрола врз нив.

 

Извор: Gay star news