06 Oct Московски Тајмс објави шведска про-геј модна реклама
Една шведска модна компанија им пркосеше на руските анти геј „пропаганда“ закони преку објавување на про-геј реклама во Московски Тајмс.
На рекламата, која е во споственост на Бјорн Борг, е покажан куп од долна облека склопена во манир кој потсетува на знаме со бои од виножито.
Маркетинг директорката на компанијата, Лина Содерквист, изјави дека се надева дека рекламата ќе биде видена од страна на руските законодавци.
Таа вели: – „Рекламата е начин преку кој можеме да допреме до влијателните личности во Русија. Бјорн Борг како бренд секогаш се залагал за еднаквост на сите нивоа“.
Во соопштенито за медиуми, таа додаде: -„Да се љуби и да се води љубов со оној што ќе го оберете претставува човеково право и ние сакавме да го потенцираме тоа во реклмата која денеска беше објавена во Московски тајмс“.
РУСА ЛГБТ, руска ЛГБТ асоцијација во Америка, соопшти дека се надева дека и другите ќе го следат примерот на Бјорн Борг.
Јелена Голтсман, осоновач и претседателка на РУСА ЛГБТ, изјави: – „Ние ги поздравуваме различните методи на поддршка и ги покануваме сите ЛГБТ застапници да најдат начини, во и надвор од границите на земјата, да застанат во солидарност со ЛГБТ Русите.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, минатиот јуни го потпиша законот со кој се забранува промоција на „нетрадиционални врски“ пред малолетници, потег кој се смета за дел од пошироката пресметка со руската геј заедница.
Во текот на изминатиот месец беше најавено дека руските власти ќе го стопираат посвојувањето на руски деца од страна на шведски парови врз основа на законот за брачна еднаквост во Шведска.
Извор: pink news