Стотици српски ЛГБТ активисти се спротиставија на забраната на Белградскиот прајд

Стотици српски ЛГБТ активисти се спротиставија на забраната на Белградскиот прајд

Стотици српски ЛГБТ активисти минатиот петок излегоа на улиците во Белград неколку часови откако Белградскиот прајд беше забранет од страна на властите во Србија.

 

Закажаната парада требаше да се одржи на 28 септември по оддржувањето на неделата на ЛГБТ настани на повеќе локации во градот.

 

Меѓутоа маршот беше забранет откако Бирото за координација на безбедносните служби оцени дека настанот е небезбеден, притоа како причина цитирајќи ги хомофобичните закани упатени од страна на локални насилници.

 

Во неговиот говор српскиот премиер Ивица Дачиќ се обиде да потенцира дека откажувањето на парадата „не значи капитулација пред хулиганите“.

 

Зборуваќи за овој проблем тој изјави „единственото ограничување кое секогаш ќе постои се безбедносните околности кога се работи за каков било јавен собир“.

 

Откако слушнале за забраната, организаторите на Белградскиот прајд набрзо организирале нов протест и по само неколку часа во единаесет часот навечер се собрале стотина ЛГБТ активисти кои марширале до канцеларијата на премиерот на Србија.

 

И покрај зголеменото присуство на полицијата, протестот се одвиваше без прекини, а активистите извикувале: „Нема да се предадеме!“.

 

Еден од учесниците во протестот изјавил: „Нема повеќе работилници и конференции! Ова е вистински активизам!“.

 

Според оние кои учесвувале во протестот, тој претстсавувал „најмирниот и најоригиналниот прајд, многу сличен на оние во времето на Стоунвол“.

 

Учесниците исто така беа сомничави за отсуството на закани од страна на десничарски насилници, велејќи: „Сега е важно да му го поставиме прашањето на премиерот: – Каде беа екстремистите кога активистите маршираа и доволно време стоеја пред симболичната заграда на Парламентот?!“

 

Заканите усмерени кон учесниците на Белградскиот прајд беа дадени во локалните медиуми.

 

Зборувајќи на прес-конференција минатиот четврток, Иван Ивановиќ од српската десничарска група „Наши“, изјави: „ Иако немаме ништо против нив, ние не сакаме тие да бидат на улиците ширејќи ЛГБТ пропаганда. Луѓето се длабоко незадоволни и велат дека дека ќе се појават на улиците во голем број за да протестираат. Доколку тоа се случи повторно, знаеме дека ќе има крвопролевање на улиците на Белград, а тоа не е во наш интерес“.

 

И покрај заканите, насилства не се случија на ниту еден од настаните во текот на неделата кога се одржуваа настаните во најава на маршот.

 

Извор: Gay star news