25 Sep Вашингтон ќе се обиде да ја легализира марихуаната
Доколку градскиот совет успее да го спроведе својот план, Вашингтон би можело да стане следната територија во САД која целесно ќе ја декриминализира марихуаната.
Минатата недела, советникот Давид Гросо до градскиот совет на Вашингтон предложи закон со кој ќе се елиминираат кривичните и прекршочните казни за поседување на мала количина марухуана кај возрасни граѓани. Овој закон ќе и’ овозможи на администрацијата за регулација на алкохолни пијалоци на Вашингтон да го регулира производството и продажбата на марихуана во Федералниот округ Колумбија. Законот на Гросо е дел од ланецот на иницијативи за прогресивни политики поврзани со марихуаната покренати од страна различни членови на Советот во текот на оваа година.
Минатиoт јули, советникот Томи Велс предложи закон со кој ќе се елиминираат кривичните казни и со кој ќе се воведе парична казна од сто долари за поседување на една унца на марихуана.
Според анкетата спроведена минатиот април, шеесет проценти од гласачите во Вашингтон го поддржаа правото да гласаат дали марихуаната ќе биде или нема да биде легална во Федералниот округ, а педесет и четири проценти изјавиле дека сите дроги би требало да бидат третирани како здравствен проблем наместо како криминален.
Грент Смит, менаџерот на политики во Канцеларијата за национални работи на Алијансата за политики на дроги, која претставува организација која го нарача законот, изјави:
„Во краен случај, употребата на дрога најефекиасно се третира кога се смета за здравствен проблем, отколку како кривично-правен проблем, а ова значи дека луѓето не треба да бидат криминализирани за поседувањето на која било дрога во федералниот округ Колумбија.“
Извор: Smell the truth