Форин Офисот потврди дека Дејвид Камерон ќе зборува со Путин за руските анти-геј закони на Г20 самитот

Форин Офисот потврди дека Дејвид Камерон ќе зборува со Путин за руските анти-геј закони на Г20 самитот

Премиерот на Велика Брританија Дејвид Камерон ќе ја изрази својата загрженост за руските анти-геј закони, кои беа воведени минатиот јуни, кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на состанокот на земјите членки на Г20 кој ќе се оддржи оваа недела во рускиот град Санкт Петерзбург.

 

Маргот Џејмс, првата отворено лезбејска британска парламентарка од Конзервативната партија, твитна дека Форин Офисот ја потврди оваа одлука.

 

Во оригиналниот твит на Џејмс се вели:

„Европскиот министер потврдува дека премиерот ќе покрене дебата со Путин на Г20 за дискриминирачкиот закон и нападите врз геј луѓето.“

 

Минатиот јуни рускиот претседател Путин го потпиша законот со кој се забранува промоцијата на „нетрадиционални врски“ кај малолетници, потег поради којшто беше критикуван и кој беше сфатен како поширока пресметка со руската геј заедница. Во истиот период во Русија беа усвоени и други рестриктивни закони. Најпрво беше усвоен закон со кој се забранува посвојувањето на руски деца од страна на странски истополови парови, а потоа и закон со кој се приморуваат организациите кои добиваат средства од странство да се регистрираат како „странски агенти“.

 

Американскиот претседател Барака Обама исто така се согласи да се сретне со руски ЛГБТ од Санкт Петерзбург за време на патувањето во овој град по повод состанокот на лидерите на земјите членки на Г20.

 

БазФид ја објави оваа информација повикувајќи се на руски ЛГБТ активисти. Меѓутоа Стејт департментот на САД одби да ја коментира сторијата.

 

Во меѓувреме се случуваа протести на повеќе места на земјината топка, вклучувајќи го и Лондон, но и градови во Германија и Данска, во обид да се притиснат владините лидери на земјите членки на Г20 да преземат акција против анти геј законите во Русија.

 

Минатата недела беше промовиран веб ајтот Аут4Русија кој им овозможува на корисницие да лобираат кај владите членки на Г20 за да преземат акција против руските закони.

 

Извор: pink news