Русија се соочува со алармантен пораст на ХИВ инфекции

Русија се соочува со алармантен пораст на ХИВ инфекции

ХИВ епидемијата денес е еден од најгорливите проблеми во јавното здравство во Русија. Според последниот глобален извештај на УНАИДС, Источна Европа и Централна Азија се единствените региони во светот во кои ХИВ-от се шири за зголемено темпо.

 

Ситуацијата е најлоша во Русија која е дом на седумдесет проценти од сите луѓе кои живеат со ХИВ во регионот. Деведесет проценти од случаите на инфецирање со ХИВ се случиле во Русија и Украина.

 

Бројот на луѓе кои живеат со ХИВ во Русија продолжува да расте. Во 2012-та, 704 000 случаи на ХИВ инфицирани лица биле регистрирани од страна на Федералниот центар за превенција и третман на СИДА-та. Реалната бројка на луѓето кои живеат со ХИВ во Русија би можела да изнесува двојно повеќе.

 

Во изминатиот период од повеќе од десет години, главната причина за пренесувањето на ХИВ беше употребата на нестерилен прибор кај интравенските корисници на дрога. На крајот на 2012-та, повеќе од половина (57.6 проценти) од новите инфекции биле предизвикани од интравенски инјеции. Меѓутоа, од 2002-та епидемијата се преточи надвор од раниливите групи и сексуалната трансмисија започна да станува честа појава.

 

Генади Онишченко, раководителот на федералниот сервис за заштита на потрошувашките права и надгледување на човечката благосостојба (Роспотребнадзор), рече: „Поголемата количина на програмите за превенцијата на ХИВ инфекциите кај ранливите групи кои беа имплеметирани во изминатите години беа практично скратени, и превентивните мерки помеѓу општата популација кои се базираа на промоција на здрав животен стил имаа мал ефект врз популациските групи.“

 

Просто кажано, Русија не троши ниту една рубља за финасирање на ХИВ превенција кај корисиците на дрога. Претходно, ове програми беа финасирани од меѓународни донатори, но повеќето од нив си заминаа од Русија поради скорешните политички трендови.

 

Во 2011-та, кампањата за превеција кај ранливите групи, вклучувајќи ги и корсниците на дрога, која чинеше осудесет и пет милиони рубљи (2.5 милиони американски долари) траеше само триесет и девет дена. Нејзините практични ефкети се непознати. Меѓутоа, на барање на групата за човекови права АГОРА, Канцеларијата на јавниот обвинител испрати материјали до Истражниот комитет со намера да се отворат кривични процедури.

 

Денес кампањата против ХИВ епидемијата во Русија употребува неефективни превентивни мерки и програми, промовирајќи здрав животен стил наспроти репресијата врз корисниците на дрога и генералната атмосфера на нетолеранција спрема нив.

 

Во меѓувреме глобалното искуство покажува дека ХИВ преваленцата кај оваа група е намалена што се должи на употребата на научно засновани превентивни програми, на пример, програми за размена на игли и шприцеви, супституциона терапија и отстранување на репресивните политики.

 

Супституционата терапија успешно се употребува во шеесет земји. Метадонските програми се имплементираат во сите земји во регионот, со исклучок на Русија, Узбекистан и Туркменистан. Употребата на метадонот за медицински цели во Русија е забранет и не постојат програми за супституциона терапија.

 

ХИВ тестирањето во Русија е уште еден проблем. Суштината на проблемот се состои во тоа што Русија троши огромна сума на пари за тестирања, но генерално се тестираат постари жени кои што се хоспитализирани, а не и членовите на ранливите групи.

 

Во 2011-та, од дваесет и четири милиони ХИВ тестирања во Русија, членовите на раниливите групи, какви што се корисниците на дрога и хомосексуалците сочинуваат само еден процент. Секако бројот на луѓето тестирани во 2011-та опадна во споредба со 2010-та, а најголемиот број се однесува на ранливите групи (хомосексуалците и бисексуалците со 35,9 проценти и „лица болни од зависности“ со 10.2 проценти).

 

Во овој контекст треба да се спомене дека иницијативата на Роспотребнадзор за организирање на национална студија за ХИВ преваленцата во Русија кај „мажите кои практикуваат секс со мажи“ и жените кои се занимаваат со проституција.

 

Широки програми кои ја проучуваат ХИВ преваланцата кај геј мажите досега се импленетирани во други земји. Оваа инцијатива е особено важна за Русија: таа ќе озвозможи автентични информации за ширењето на ХИВ помеѓу групите од висок ризик што може да претставува основа за владино пренасочување на парите во научно валидни програми за превенција на ХИВ кај овие групи.

 

Меѓутоа, затоа што Русија води конзервативна политика кога се во прашање сексуалните малцинства и репресивни политики кога се во прашање корисниците на дроги, постојат стравови за последиците од каминг оутот на луѓето и разотркивање на нивната сексуална ориентација и статус.

 

Како додаток, уште еден резултат на студијата ќе биде големиот број на новооткриени случаи на ХИВ позитивни лица. Ова го покренува прашањето за квалитетот на советувањето пред и по тестирањето и најважно достапноста на антиретровирусна терапија за оние на кои им е потребен третман.

 

Автор: Иван Варестов е експерт за јавно здравство при фондацијата Андреј Рајлков

 

Извор: indrus.in