21 Aug Хавајски верски лидери се борат за геј бракот
Верските лидери во Хаваи покажаа дека само поради тоа што сте верник не значи дека не можете да се борите за брачна еднаквост.
Во оваа американска островска држава повеќе од дваесетина верски лидери од различни вери потпишаа резолуција со кој се бараат брачни права за истополните парови.
Пречесниот д-р Jонифер Купоно Квонг од Првата Унитарна Црква вели дека се работи за тоа „да се биде на вистинската страна на историјата“.
Групата, составена од еврејски, методистички и лидери од други вери, соопшти дека ќе продолжи да биде застапник на истополниот брак.
„Ќе продолжиме да го правиме ова се додека имаме сила“ – изјави Квонг, а пренесува Асошиејтед Прес.
Со резолуцијата се бара од законодавците во Хаваи да ги прошираат бенефициите на граѓанскиот брак и на истополните парови. Во моментот, во Хаваи постои закон за граѓански партнерства, но некои велат дека со него партнерите не се признаваат целосно како брачни партнери.
Барак Обама кој е роден во Хаваи стана првиот американски претседател кој ги поддржа истополните бракови додека е во служба. Неговите дела претставуваа поттик за широкото распространување на борба за еднаквост.
Извор: Gay star news