ОН бараат рускиот „геј пропаганда“ закон да биде укинат

ОН бараат рускиот „геј пропаганда“ закон да биде укинат

Канцеларијата за човекови права при Обединетите нации ја одби руската контроверзна забрана за промоција на „геј пропаганда“ и му порача на Кремлин да го укине законот.

 

За време на говор оддржан во Киев, Украина, советникот за човекови права Клауд Кан од Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (ОХЦХР), ги нарече анти-геј законите „инхерентно дисриминирачки, и во нивните намери и во нивниот ефект“.

 

Таквите мерки претставуваат основа за постојано малтретирање, па дури и произволно притворање, и придонесуваат во создавањето на клима на страв за секој кој работи на унапредувањето на правата на лезбејките, гејовите, бисексуалците и трансродните луѓе“ – изјави Кан.

 

Пораката на ОН не беше намената само за Русија, затоа што одредени делови на Република Молдавија исто така имаат слични закони, а Украина разгледува идентичен предлог-закон.

 

Во целосното соопштение на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права се предлага „напредно, недискриминрачко сексуално образование“ со цел да се победи хомофобијата и сексуално преносливите болести, вклучувајќи ја и ХИВ/СИДА-та.

 

Јасмин О’Конор од британската организација Стоунвол верува дека законот повеќе ќе предизвика штета, отколку ќе придонесе нешто добро: „Наместо да ги заштити здравјто и моралната благосостојба на малолетниците, искуството покажува дека такви мерки ја зајакнуваат стигмата и предрасудите што води до дискриминација, повеќе злоупотреби и насислтво, што е спортивно на интерсите и правата на децата и младите кое се засегнати од него“.

 

Неодмана и шефот за човекови права при ОН, Нави Пилај, ги повика владите да ја тертираат хомофобијата и трансфобијата со истото ниво на толеранција како и сексизмот и расизмот: „секој од нас има исти права на еднаква почит и етички третман, без разлика на нашата сексуална ориентација и родов идентитет“.

 

Извор: http://www.gaystarnews.com/