Американскиот јавен обвинител предложи намалување на казните за одредени кривични дела поврзани со дрога

Американскиот јавен обвинител предложи намалување на казните за одредени кривични дела поврзани со дрога

„Отсега федералните судови во САД ќе мораат употребуваат непопуларно оружје во борбата против дрогата, а тоа се минималните казни за минорни ненасилни кривични дела“ – рече америиканскиот јавен обвинител Ерик Холдер.

 

„Денес маѓепсаниот круг од сиромаштијата, криминалот и затворските казни фаќаат во стапица голем број на Американци и слабеат голем дел од заедниците“- рече Холдер на една правна конференција во Сан Франциско и додаде: – „Многу аспекти од нашиот правен систем всушност ги зголемуваат проблемите, наместо да ги решаваат“.

 

Тој изјави дека задолжителните минимални казни често се претвараат во неправедно долги казни и предизвикуваат недоверба кон системот.

 

Холдер рече дека некои прашања најдобро се решаваат на државно или локално ниво и дека ги упатил федералните обвинители во САД да развијат локални упатства за одредување кога федералните обвинителни акти треба да бидат покренати, а кога не.

 

Холдер во моментот се обидува да добие двопартиска поддршка за да Капитол Хил на судовите во САД им овозможи флексибилност да заштедат пари, да ја намалат пренатрупаноста во затворите и да не дозволат малолетните престапници да завршуваат во затвор.

 

Републиканскиот сенатор Ренд Пол и раководителот на Правосудниот комитет во американскиот сенат Патрик Лехи од Демократската партија се ко-спонзори на законот со кој на федералните судии во земјата ќе им се овозможи поголема дискреција.

 

Според Џон Малом, директорот на Центарот за правни и правосудни студии при Херитиџ фондацијата, Одделот за правда на САД троши четвртина од својот буџет за федералните затвори кои се сериозно пренатрупани.

 

Автор: Џозеф Стров

Извор: NY daily news