Руски падобранци нападнаа геј активист за време на воена парада

Руски падобранци нападнаа геј активист за време на воена парада

Санкт Петерсбург, Русија – Минатиот петок еден геј активист беше пресретнат од страна на руски падобранци во Санкт Петерзбург поради тоа што веел геј прајд транспарент што претставува директно прекршување на руските анти-геј „пропаганда“ закони.

 

Видео снимката од инцидетот можете да ја преглдете овде.

 

Кирил Калугин, на чиј транспарент пишувало „Ова пропагира толеранција“, бил набрзо опколен од страна на руските војници кои биле собрани на централниот плоштад во градот за да го прослават денот на руската воздушно-десантна војска кој се прославува секоја година.

 

„Ние не се согласуваме со ова и те замолуваме да престанеш со твојот протест од еден човек“ – рекол еден од падобранците според преводот од вебсајтот Анимал Њу Јорк.

 

„Што кур мислеше да се појавиш на плоштадот, педеру?“ – извикал друг војник при што конфронтацијата ескалирала.

 

Кога пристигнала полицијата, војниците се приближиле до Калугин, со што им го блокирале пристапот на полицијаците и ги оттгрнувале додека еден од нив го задушувал. Како што полцијата се обидувала да го оттргне Калугн, војниците почнале да го буткаат и да го удираат, а подоцна го опколиле полициското возило. Еден војник се обидел да влезе во полициското возило и да го извлече Калугин надвор, викајќи „Зошто го браните?“

 

Инцидентот ги потврдува растечото анти-ЛГБТ расположение во Русија кое придонесе за зголемување на анти-геј насилствата.

 

Руската влада неодамна усвои контроверзен закон со кој се забранува „промоција на нетрадиционални сексуални врски“, а во исто време инсиситира дека геј луѓето имаат исти права како и другите луѓе. Во соопшетние на владата се вели дека оваа мерка била замислена како гаранција за „хармонично“ воспитување и заштита на децата од „комплекси, емоционално страдање и стрес.“

 

Претседателот Путин го потпиша законот на 30-ти јуни.

 

Во изминативе неколку месеци во Москва и Санкт Петерзбург се случија неколку хомофобични напади на про-геј спбори, а две лица беа убиени во напади со хомофобични мотиви.

 

Извор: Lgbtq nation