01 Aug Топлес активистки влегле во руската амбасада во Стокхолм во знак на протест против анти-геј законот
Стокхолм – Две топлес активистки вчера се прекачиле преку оградата на руската амбасада во Стокхолм во знак на протест против анти-геј законот кој неодмана беше усвоен во Русија со кој се стигматизираат хомосексуалците.
Полицијата била повикана за да ги отстрани активситките кои сега се обвиенети за нелегално преминување на приватен посед. Откако го признале делото, тие биле ослободени од полицијата.
Двете жени, кои се поврзани со украинската феминистичка група Фемен, на територијата на амабасадата виореле знаме со боите на виножитото и носеле транспарент на кој пишувало „Хомосексуална пропаганда на руска територија“.
Тие имале поддршка од две други активстки кои пред амбасадата извикувале: „Геј правата се човекови права“.
Една од активистките Џени Венхамер, изјавила дека протестирале против неодамна усвоениот руски закон со кој строго се казнува оддржувањето на геј паради или давањето информации за геј заедницата на малолетници.
Минатиот четврток група од 150 до 200 луѓе протестираше пред амбасадата против истиот закон.
Протестот се поклопува со стокхолмскиот прајд фестивал које се оддржува оваа недела, а кој е особено фокусиран на геј правата во Русија.
Во текот на минатата недела, шведскиот министер за надворешни работи Карл Билд реагираше на влошената ситуација на геј луѓето, лезбејките, бисексуалците и трансродните луѓе во Русија.
„Поттикнувањето на омраза врз ЛГБТ лицата е се почеста појава откако овој закон беше усвоен. Тоа е одбивно и нечовечки“ – напиша тој на својот Твитер профил.
Извор:LGBTQ nation