01 Aug Објавен јулскиот број на С-Ворк
СТАР-СТАР го објави јулскиот број на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.
Во јулскиот број на магазинот можете да прочитате:
ШТО МУ ФАЛИ НА СКОПЈЕ ?!
Како една метропола, ако веќе може да се искористи тој термин за нашето Скопје, ни фалат многу нешта …
КОНДОМИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА
1000 г. п.н.е. – Старите Еѓипќани користеле ленени крпчиња како заштита од сексуалните болести. 100-200 г. н.е. – Најстариот доказ за употребата на кондомите во Европа е најден на пештерските цртежи во Combarells во Франција, а се најдени и докази дека кондоми користеле во стариот Рим….
СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО СКОПЈЕ БИЛИ ЛЕГАЛИЗИРАНА
Денес повторно се актуализира прашањето за легализација на проституцијата. А проституцијата во Скопје била легализирана уште во периодот меѓу двете војни. Таа била сконцентрирана во посебни маала и квартови во градот. Најмногу во поранешното Циган маало, на десната страна од реката Вардар, и во Старата чаршија.
ПРЕКУ ПРОТЕСТИ ВО 30-ТИНА ГРАДОВИ ЗА СТОП НА НАСИЛСТВОТО ВРЗ СЕКСУЛАНИТЕ РАБОТНИЦИ, ВО СЕЌАВАЊЕ НА ДОРА И ЈАСМИН!
Сексуални работници и нивни поддржувачи се сплотија заедно и да го кренаа гласот против неодамнешните убиства на Јасмин и Дора, насилниот напад врз Ела, и против сите напади врз сексуалните работници ширум светот.
Јунскиот број можете да го преземете овде.