Црна Гора: Министерот за труд и социјала ја поддржа првата геј парада во земјата

Црна Гора: Министерот за труд и социјала ја поддржа првата геј парада во земјата

Црногорскиот министер за труд и социјала изјави дека има воља да даде поддршка на првата црногорска геј парада која се планира да се оддржи во окомври.

 

Предраг Бошковиќ ја понуди својата поддршка за геј прајдот откако минатата среда се сретна со претставници на организацијата за геј права „Квир Црна Гора“.

 

Овој месец организацијата објави дека е детерминирана во октомври да организира парада во главниот град на Црна Гора, Подгорица.

 

Планот за парадата беше направен откако оддржувањето на претходно закажаниот прајд беше откажано поради насилство. Господинот Бошковиќ и кажа на групата дека геј парадата претставува шанса за Црна Гора да покаже дека работи на подобрување на статусот на ЛГБТ популацијата во земјата“.

 

Јелко Кацин, потпретседавачот на делегацијата за Западен Балкан на Европскиот Парламент и член на ЛГБТ интергрупата, рече дека оддржувањето на прајдот ќе и помогне на Црна Гора во преговорите за членство во Европската Унија.

 

Мината година, господинот Кацин искоментира дека кандидатурата на Црна Гора за членство во ЕУ е подобрено со усвојувањето на Законот за антидискриминација во кој експлицитно се споменуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

 

Првиот геј прајд во Црна Гора, организиран од активистот Здравко Чимбаљрвиќ, требаше да се оддржи на 31-ви мај 2011-та.

 

Извор: Pink news