Македонската Влада му одговори на Хјуман Рајтс Воч, велејќи дека не допушта дискриминација „на која било основа“

Македонската Влада му одговори на Хјуман Рајтс Воч, велејќи дека не допушта дискриминација „на која било основа“

Македонската Влада експресно реагираше на писмото испратено од страна на Хјуман рајтс воч (ХРВ), велејќи дека ги истражува случаите и дека има намера да ги гони учесниците во серијата анти-ЛГБТИК напади кои се случија во јуни и јули 2013-та.

 

Во одговорот исто така се вели дека премиерот ги осудил насилните напади.

 

Во писмото упатено до македонскиот Премиер Никола Груевски, ХРВ потенцираше дека кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија зависи од имплементацијата на Чартерот на основни права на ЕУ со кој се забранува дискриминација на основа на сексуална ориентација.

 

ХРВ потенцираше дека во македонскиот закон за анти-дисркиминацја не постои таква одредба.

 

Молкот на Владата за анти-геј нападите ги прави ЛГБТ луѓето поранливи на насилство и дискриминација и во одредена смисла ја прави соучесник со насилствата сторени од омраза – вели Борис Дитрих, директорот за застапување на ЛГБТ права на ХРВ, во своето писмо упатено до Премиерот на Македонија.

 

Вчера во името на „ЛГБТК нејшн“ зборував со висок функционер од кабинетот на Премиерот кој сакаше да остане анонимен, кој кажа: „Премиерот веќе пред неколку дена ги осуди нападите врз ЛГБТ заедницата. Сакаме да биде јасно дека ова прашање го сметаме за особено сериозно и полициската истрага веќе се спроведува.“

 

Во претходно интервју, Груевски беше прашан дали тој е против анти-геј насилството во неговата земја, на што тој одговори: „Ниту против нив, ниту против никој друг. Насилството не е решение.“

 

Според мене, ова не претставува јасно осудување на анти-геј насилството, вклучувајќи го и случајот на палење на ЛГБТ центарот за поддршка.

 

Членот на кабинетот исто така додаде: „Правиме се што можеме за да ги најдеме злосторниците и да ги изведеме пред правдата. Македонскиот закон за анти-дискриминација не ја вклучува посебно сексуалната ориетација, но вклучува дискриминација на која било друга основа. Имаме целосна намера да ја спроведеме правдата како што тоа е пропишано во законите.“

 

Извршив притисок врз членот на кабинетот и прашав дали македонските законодавци во законската регулатива планираат да воведат забрана на дискриминација на ЛГБТ лицата, на што тој одговори: „Не ми е познато дали тоа ќе се случи, но дискриминацијата на која било основа нема да се толерира.“

 

Македонските власти исто така беа испрашувани за ЛГБТ правата од страна на групи за човекови права поради кандидатскиот статус на земјата во Советот за човекови права на Обединетите нации во Женева. Тие дадоа слични необврзувачки одговори, велејќи дека законот за анти-дискриминација на земјата ја вклучива сексуланата ориентација преку широкиот термин „други основи. “

 

Зборував со Петар Стојковиќ, познат македонски отворено геј актер кој беше жртва на еден од нападите и член на извршниот борд на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, кој изјави дека одговорот на Владата ги заобиколува битните нешта и намерно дава лажни информации затоа што не постои јавна осуда на анти-геј насилставата.

 

Кочо Aндоновски, програмски директор на ЛГБТИ центарот за поддршка, повика Министерот да го открие својот идентитет и да биде појасен во лоцирањето каде точно Премиерот ги осудува нападите.

 

Тој изјави: „Мејнстрим медиумите кои се блиски до Владата не ни известија за нападите како да тие никогаш не се случиле. Токму поради тоа моравме да ја анимираме меѓународната заедница да ги притисне институциите за да барем да започне истрагата.“

 

Британскиот застапник за човекови права Питер Татчел рече дека се согласува со одговорот македонските активисти и соопштението на Владата го опиша како несоодветно и нејасно.

 

„Тоа експлицитно не ги осудува анти-геј насилствата. Исто така не постојат никакви планови да се воведе закон со кој се забранува дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето“ – вели тој.

 

„ЕУ мора да ја блокира апликацијата на Македонија и на земјата не смее да и се дозволи место во Советот за човекови права на ОН.“

 

Автор: Dan Littauer

 

Извор: http://www.huffingtonpost.com/