10 Jul Во август ќе се оддржи втората по ред парада на гордоста во Виетнам
Од 2-ри до 4-ти август Виетнам ќе биде домаќин на втората по ред ЛГБТ парада на гордоста во последниве две години. Организаторите на Виет Прајд фестивалот 2013, кој ќе се оддржи во главниот град на земјата Ханој, се надеваат дека ќе бидат исто толку успешни како и минатата година.
Во 2012-та во главниот град на Виетнам за првпат се вееја знамиња со боја на виножитото кои предизвикаа солзи кај голем број на ЛГБТ Виетнамци, се вели во соопштението на организаторите. „Меѓутоа еднаквоста и достоинството на геј луѓете допрва треба да станат реалност. Неразбирањето и социјалната стигма се широко распространети. Инсинуациите, исмевањето, неодобрувањето од страна на родителите и понижувањето се многу чести искуства на геј луѓето. Во училиштата, семјествата, работните места, фабриките, достоинствто и безбедноста на геј луѓето се се уште компромитирани. Се уште постојат луѓе, особено млади луѓе, кои живеат во страв нивните родители да се откажат од нив, да бидат мразени и третирани поинаку“.
Со цел да се решат овие проблеми, Виет Прајд 2013 ќе обезбеди програма за доделување на стипендии на членовите на ЛГБТ заедницата во Виетнам чие доделување ќе се случи на отварањето на парадата на гордоста.
Со програмата за доделување стипендии ќе им се овозможи на обесправените ЛГБТ младинци да добијат дополнителен тренинг, факултетско образование и да учат англиски јазик. Организаторите од донациии обезбедија околу две илјади и шестотини долари за реализирање на програмата.
На Виет Прајд 2013 исто така ќе биде реализирана кампањата „ Кажете „да“ на еднаквоста при вработувањето“ која цели да ги истражи ЛГБТ проблемите во бизнис секторот и ќе вклучи мултинационални и локални корпорации кои работат во Виетнам.
Извор: Gay star news