Рускиот политичар кој повикуваше на камшикување на геј луѓето ќе биде поддложен на истрага

Рускиот политичар кој повикуваше на камшикување на геј луѓето ќе биде поддложен на истрага

Една руска група за човекови права побара од обвинителите да ги разгледаат хомофобичните коментари на политичарот кој ја повика козачката заедница да ги камшикува геј луѓето на јавните плоштади.

 

Александар Михаилов, заменик на правниот совет на Транс-бајкалскиот парламент, минатиот месец изјавил дека планира да ја предложи неговата насилна идеја во форма на нов регионален закон.

 

Во разговор со новинската агенција Чита, Михаилов ги споредил геј луѓето со педофилите и хомосексуалноста ја нарекол „јавен срам“.

 

Тој рекол дека неговата провинција треба да усвои закон со кој властите ќе имаат право да ги камшикуваат „задниците“ на геј луѓето.

 

Витали Черкасов, раководителот на центарот за човекови права Забиакалски, изјави дека верува дека забелешките на г-динот Михаилов можат да поттикнат омраза кај локалното население кон геј заедницата. Од канцеларијата на регионалниот обвинител соопштиле дека ќе одговорат на барањето на групата да се процени законитоста на овие коментари.

 

Минатиот месец, британскиот парламетарец од лабуристичката партија, Мајкл Кешман, кажа дека говорот на омраза на претседателот Путин и другите руски политичари резлутирал со „варварски убиства на геј луѓе“. Минатата недела Путин ја потпиша забраната за посвојување на руски деца од страна на истополови парови.

 

Извор: Pink News