Европските парламентарци го осудија хомофобичното насилство во Скопје

Европските парламентарци го осудија хомофобичното насилство во Скопје

Минатата сабота ЛГБТ центарот за поддршка во Скопје беше нападнат додека во него лезбејките, геј луѓето, бисексуалците и трансродните лица гледале филм за време на оддржувањето на Неделата на гордоста.

 

ЛГБТ центарот во главниот град на Република Македонија беше нападнат и поретходно, но не и во време кога во него имало присутни лица.

 

Прајд маршот кој бил планиран да се оддржи во сабота морал да биде откажан, бидејќи Министерството за внатрешни работи не можело да ја гарантира безбедноста на учесниците.

 

Ниту еден политичар досега не го осуди нападот. И покрај тоа што за време на насилството бил нападнат и полицаец, досега Министерството за внатрешни работи официјално нема реагирано.

 

Овие настани следат по агресивната и понижувачка кампања против ЛГБТ луѓето во македонските медиуми.

 

Членовите на Европскитот Парламент досега ревносно реагираа на повторувањето на насилствата. Ричард Ховит, известувачот за Македонија на Европскиот Парламент и член на ЛГБТ интергрупата изјави: „Нападот врз ЛГБТ заедницата во Скопје мора најстрого да биде осуден од сите. Сакам да ги пофалам организаторите на Неделата на гордоста во Скопје за кои сум сигурен дека ќе го издржат ваквото заплашување. Денес повторно ќе кажам дека ЛГБТ правата се човекови права и мора да се почитуваат.

 

Марије Корнелисен, европска парламетарка и член на ЛГБТ интергрупата додаде: „Иницедентот уште еднаш покажа дека хомофобијата е длабоко вкоренета во Македонија. Разочарана сум што Владата веднаш не го осуди насилството. Таа треба да покаже едногласна поддршка и да преземе силни дејства за зашатита на ЛГБТ правата, наместо да дава изјави со половина уста само кога ќе биде повикана.

 

Минатиот месец Европскиот Парламент го усвои годишниот извештај за прогресот на Македонија во европските интеграции во кој веќе беа потенцирани неприфатливите насилни акти.

 

Извор: www.lgbt-ep.eu