18 Jun Промоција на Годишен извештај за состојбата со правата на маргинализираните заедници
Почитувани пријатели и соработници,
И оваа година Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ изготви извештај за состојбата со сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници. Извештајот е резултат на целогодишниот мониторинг во 2012 на политиките, медиумите, законодавството и јавните настапи на релевантните политички чинители во Македонија.
Извештајот вклучува и анализа и приказ на состојбата со повеќе случаи на прекршување на човековите права на маргинализираните заедници, документирани во текот на годината од страна на членките на Коалицијата.
Промоцијата на овогодинешниот извештај ќе се одржи во Клубот на новинари, во четврток со почеток во 11 часот. Извештајот ќе го претстават Жарко Трајаноски (автор на извештајот), Ирена Цветковиќ (проектна координаторка во Коалицијата) и Славчо Димитров (извршен директор на Коалицијата).
Вашето присуство ќе ни претставува посебна чест и задоволство.
Тимот на Коалицијата