Илјадници луѓе маршираа на геј прајдот во Загреб

Илјадници луѓе маршираа на геј прајдот во Загреб

Загреб, Хрватска – Неколку илјади луѓе присуствуваа на геј прајдот кој се оддржа вчера во Загреб. Во меѓувреме, Хрватските конзерватвци поддржани од влијателната Католичка црква сакаат истополните баркови да се прогласат за нелегални. Во исто време се оддржа сличен марш во Љубљана кој беше предводен од претседателот на државата, Борут Пахор.

 

На настанот немаше ниту еден инцидент додека масата од луѓе носеше знамиња и транспаренти низ центарот на Загреб. Поворката беше заштитувана од страна на хрватската полиција.

 

„Парадата не беше усмерена против никој, ниту против оние кои не мразат и не сметаат за граѓани од втор ред“- рече организаторот Марко Јуриќ.

 

Министерот за надворешни работи и сопругата на премиерот на Хрватска му се придружија на маршот во знак на поддршка. Една хрватска анти-геј група досега собра седумстотини илјади потписи за подршка на референдум за дефинирање на баркот во уставот за земјата како заедница помеѓу маж и жена. Жељка Маркич, претставничка на групата, изјави: „Нашата цел е граѓаните да кажат како треба да се дефинира прашањето за бракот и семејството“.

 

Расправата околу геј правата ја подели хрватската јавност неколку недели пред земјата да стане дваесет и осмата членка на Европската Унија. Досега Хрватска презема чекори за унапредување на геј правата, но прашањата за истополните бракови се уште се крајно сензитивни во доминантно католичката земја.

 

Католичката црква во Хрватска е исто така во конфликт со либерланата влада по прашањето за воведување на сексуално образоване кое беше суспедирано од највисокиот суд во земјата.

 

Во соседната Словенија, претседателот Борут Пахор ја предводеше геј прадата во главниот град Љубљана, со што стана првиот словенечки претседател што се појавил на геј парада. Стотици луѓе присуствуваа на настанот марширајќи низ центарот на градот. И за времето на оваа парада исто така не беа пријавени инциденти.

 

Во Германија, пак, околу илјада и петстотини луѓе учестуваа на парадата по повод Денот на улицата Кристофер во северниот град Олденбург. Учесниците ја прославија одлуката на највискиот суд во земјата со која се дозволува геј праовите кои ќе оформат граѓански заедници да добијат даночни бенефиции какви што имаат хетерсексуалните брачни парови.

 

Извор: CTV News