Амнести, човековите права и криминализацијата на сексуалната работа

Амнести, човековите права и криминализацијата на сексуалната работа

Во Шкотска во моментот се разгледува закон со кој ќе се криминaлизира купувањето на сексуални услуги. Тој претставува дел од меѓународниот бран на закони со кои им се „помага“ на луѓето во секс индустријата со тоа што се криминализира изворот на нивните приходи – клиентите. Рода Грант, членка на шкотскиот парламент, ги објави резлутатите од нејзината јавна консултација во врска со законот, во кои се споменува и поддршката од страна на Амнести Интернешнал. Но, Амнести Интернешнал нема своја позиција во врска со законот и всушност побара нивната поддршка да биде повлечена. Тие не сакаат да бидат поврзани со закон кој ќе им наштети на сексуалните работници/чки.

 

 

Овие видови на закони, познати како „Нордискиот модел“ и „ставање крај на побарувачката“, се основаат на тврдењето дека преку гонењето на лицата кои најмуваат сексуални работници/чки се попријателски ориентирани кон жените и кон феминистичкиот пристап кон сексуалната работа. Но користењето на полицијата на овој начин создава страв и поголем потенцијал за појава на насилство врз сексуалните рабтоници/чки: поради стравот од апсење, клиентите се неволни да учествуват во преговорите за тарифите и безбедниот секс, а исто така им се крати и моќта на сексуалните работници/чки. Исто така треба да се спомне дека спроведувач на ваквите закони е полицијата која сексуалните работници/чки ја сметаат за поголема закана од насилство отколку нивните клиенти. Овие закони се усвојуваат бидејќи законодавците ги игнорираат сексуланите работници/чки. Законот на Рода Грант ја следи истата шема.

 

 

Контроверзијата околу наводната поддршка од страна на Амнести Интернешнал, која ги вознемири сексуланите работници и застапниците на нивните права, претставува можност да се преиспита премисата на која се основа законот. Во поддршката, која беше испратена од локален огранок на организацијата, е наведено дека таа не ги рефлактира ставовите на Амнести Велика Британија, иако во извештајот на Грант неколку пати се споменува како поддршка од страна на Амнести Интернешнал. Но всушност со поддршката на законот на Грант овој огранок на Амнести оди наспроти ставовите на Амнести Интернешнал и постариот персонал на организацијата сега ќе мора јавно да го разреши проблемот или да ризикува да биде погрешно интепретирана како да дава поддршка за криминализација на сексуалните работници/чки.

 

 

Најпрво ќе мора да објаснат како овој огранок ја направил грешката. „Секоја група мора да работи во рамките на политиките на Амнести“- вели Мариен Молман, постара советничка за политики во штабот на Амнести Интернешнал во Лондон. „Јас работам на интернационалниот секретаријат кој побара од Амнести Велика Британија да побара од оваа група да ја повлече својата поддршка“.

 

 

Во и-мејл напишан во името на Аменсти Велика Британија, Молман вели: -„Иако немаме детална позиција и не сме вклучени во кампањите за ова прашање, секој јавен став мора да биде подреден со стандардите за меѓународните човекови права. Во овој случај тоа значи:

 

1. Да нема криминализација на сексуалните работници/чки

 

2. Да нема криминализација на консензуалниот секс помеѓу возрасни лица

 

3. Да нема поистоветување на трговијата со луѓе со сексуалната работа (трговијата со луѓе има специфична дефиниција во меѓународното право, со која таа се разликува од сексуаланта работа)

 

 

Пред оваа директива, Амнести Велика Британија контактираше со својот огранок кој даде поддршка на законот и побара да ја повлечат или, доколку не сакаат, тогаш да ги отсранат референците кон Амнести. Огранокот одговори дека тие нема да ја повлечат поддршката на законот. Оттогаш Амести ги извести креаторите за законот во шкотскиот парламент дека огранокот не ја претставува Амнести Интернешнал и дека оваа почитувана организација за човекови права не сака да има никаква врска со ваков опасен закон.

 

 

„За да се намали конфузијата, нашата канцеларија во Шкотска ја извести Рода Грант и шкотскиот парламент дека подршката што ја добиле од локалниот огранок не ги претставува ставовите на Амнести Интернешнал и не треба да се смета како официјална позиција на организацијата“ – вели Патрик Кориган, националниот и регионалнен раководител на Амнести Велика Британија.

 

 

Автор: Венди Лион

 

Извор: Њу Стејстмен