10 Jun Канадските сексуални работници/чки протестираа против криминализацијата на сексуалната работа
Торонто – Мината сабота околу стотина сексуални работници/чки и нивни подржувачи излегоа на протест за декриминализација на сексуалната работа во Канада и скандираа „Нема лоши курви, само лоши закони!“.
Покрај протестот во Торонто, протести се одржаа и во други градови во земјата неколку дена пред 13-ти јуни кога треба да се случи сослушувањето во Врховниот суд во Канада на жалбата на федералната влада на одлукатата на Врховниот суд во Онтарио со која борделите ќе се прогласат за нелегални. Битката за рефоримите на законите за сексуалната работа започна пред четири години со уставна преставка која ја поднесоа три жени.
Едната од нив, Тери-Жан Бедфорд, вели дека на сексуалните работници треба да им се дозволи да можат правно да се заштитат.
„Во сите други професии во Канада постојат закони за здравство и безбедност. Зошто тоа да го нема и за сексуалната работа?“ – вели Бредфорд.
Врховниот суд на Канада исто така треба да одржи сослушување на сексуалните работници во врска со постојната забрана за подведување.
Шанле Галиант, која работи за „Мегис: Акционен проект на сексуалните работници/чки во Торонто“, вели дека тие биле изненадени од тоа што само мал дел од говорниците на сослушувањето се претставници на секс индустријата.
„Гледаме организиции кои имат морален проблем со сексуалната работа, но не гледаме луѓе кои ќе бидат директно засегнати од новиот закон“ – рече таа.
Иако не постои точна бројка за луѓето кои се инволвирани во секс индустријата во Торонто, веруваме дека ги има во илјадници. Според Бедфорд, протестот не беше поврзан само со сексуалната работа, туку дека се работи генерално за слободата.
„Ги имаме сите права да се заштитиме себеси, да имаме секс со кого и да сакаме, кога и да сакаме и каде и да сакаме. А што ќе направи државата – ќе донесе полициција во спалните соби и ќе почне да не шпионира? Доколку госпоѓицата Џоунс има повеќе од еден посетител неделно, дали тие би сакале да ја имаат таа информација?“ – вели таа.
„Сегашните закони не им овозможуваат на сексуалните работници/чки да комуницираат, но скринингот на клиентите е битен за нивната безбедност“ – вели Бедфорд и додаде: „Тие мора да се осигураат дека нивниот клиент не е сериски убиец и мораат да поставуваат битни прашања“.
Извор: Caн Њуз