07 Jun Осумесетгодишен активист почина по нападот од страна на француски нацисти
Осуманесетгодишен активист за ЛГБТ права им подлегна на повредите кои беа последица на бруталниот напад кој врз него се случи на 5-ти јуни. Клемент Мерик, студент од Париз, беше нападнат на железничката станица Св. Лазар од група скинери составна од три мажи и една жена кои му нанесоа сериозни повреди на мозокот.
Тој беше однесен во една париска болница во состојба на мозочно мртов каде што почина во текот на ноќта.
Француската полиција ги уапси четирите осомничени лица кои се наоѓаат на возраст помеѓу дваесет и триесет и седум години за кои се верува дека се поврзани со десничарските екстремистички движења во Франција.
Како виден антифашистички активист, Мерик протестираше против насилството врз геј луѓето и за подршка на законот за брачна еднаквост кој во Франција беше усвоен минатиот месец. Неговото брутално убиство во земјата предизвика реакции на згорзеност.
Како што извести Д’ Локал, според изјавите на очевидците и полициските службеници, левичарските актвисти мината среда биле забележани како купуваат одблека. Кога скинерите влегле во истата продавница во деветата област во Париз, настанала расправија помеѓу двете групи.
Во моментот кога Мерик ја напуштил продавницата бил удрен со боксирач од страна на еден маж од соперничката група.
Во своето соопштение Левичарската партија (Parti de Gauche) соопштила дека „хоророт на фашизмот само што извршил убиство во центарот на Париз“.
Лидерот на партијата Жан Лук Мелашон повика да бидат расформирани десничарските групи кои во минатите недели сториле бројни насилни акти во Париз, но и во други делови од земјата.
Сарж Ајуб, лидерот на Револуционерната Националистичка Младина, група на нео-нацистички скинери, ја негираше својата поврзаност со настанот. „Тоа е апсолутно погрешно“- изјави тој.
Марин Ле Пен, лидерката на десничарскиот Национален Фронт го осуди нападот врз младиот студент, но рече дека групите како РНМ не се поврзани со неговата партија.
Кога беше прашана од страна на РТЛ радио зошто еден од напаѓачите на својата облека носел лого од нејзината партија, таа реагирала револтирано.
„Да искажете вакво обвинување е скандалозно. Би сакала да знам кои се сведоците. Немате доказ за тоа“ – рекла Ле Пен.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Мануел Валс, повика на „искоренување на ваквиот вид на насилство кое е одлика на крајната десница“.
Во своето соопштение, партијата на зелените во Франција порача: „Крајно време е оние кои употребуваат говор на омраза и насилство да помислат на последиците кои ги предизвикуваат во растроените умови на насилните фанатици“.
По нападот во јавноста се појавија фотографии од Марик како маршира против насилството врз геј луѓето носејќи транспарент на кој беше напишана паролата „Хомофобијата убива“.
Извор: Геј Стар Њуз