05 Jun Протест против спорниот закон за прекинување на бременоста
Во четврток собраниските комисии ќе расправаат за новиот предлог закон за прекинување на бременоста. Овој закон ниту е истиот како оној од ’72, ниту ќе го подобри здравјето на жената. Токму напротив овој закон само ќе ги ограничи жените во слободно донесување на својата одлука за прекинување на бременоста. Овој закон не е подготвен во транспаретна процедура, а најмалку се прашани они на кои се однесува – ЖЕНИТЕ.
Во четврток (6 Јуни, 2013) во 11.30 дојдете да ја пратиме заедно јасната порака до Собранието на Република Македонија да не дискутира за овој закон и Министерството за здравство, како предлагач да го повлече овој закон.
Во Македонија не ни се потребни закони кои што ги ограничуваат правата.
Најавата за протестот на Фејсбук можете да ја најдете овде.