31 May Нигерија усвои закон со кој хомосексуалноста се казнува со затвор
Нигерија го усвои таканаречениот „Затвор за хомосексуалците“ закон со кој нема да се казнува само геј сексот, туку и самите геј луѓе во земјата.
Со законот се забранува истополовиот брак, а се криминализира и формирањето на организации кои се залагаат за геј права и се предвидуваат затворски казни до четиринаесет години.
Откако Парламентот на Нигерија го усвои законот, тој беше пратен кај претседателот Гудлак Џонатан кој треба да го потпише.
Според законот кој го усвои Сенатот во ноември 2011-та, луѓето кои се отворено геј ќе бидат затворани без разлика дали имале или немале геј секс.
Секој оној кој што познава некоја личност која е геј, ќе мора да им ја посочи на властите. Во спротивно и на таа личност исто така и се заканува затворска казна во траење до пет години.
Истополните парови кои ќе се венчаат ќе се казнуваат со затворска казна од четиринаесет години, а за секоја личност која ќе учествува во брачната церемонија и следува казна од десет години затвор. Според законот, дури и гостите на свадбата ќе бидат испраќани во затвор.
Владите на САД и Велика Британија се заканија дека ќе ја прекинат финансиската помош наменета на Нигерија, доколку таа го усвои законот. Геј сексот долго време беше забранет во Нигерија. На југот од земјата се казнуваше со затворски казни, а на северот со смртна казна.
Биси Алини, нигериски геј активист, изјави за Геј Стар Њуз дека е шокиран поради усвојувањето на законот. Тој рече: „За законот беше предвидено да се гласа минатата есен, но Парламентот не го усвои тогаш и никој не очекуваше дека тоа ќе го стори сега. Во изминативе неколку дена се создаде голема политичка нестабилност. Пред некој ден беше одбележан Денот на Демократијата во Нигерија и се покренаа многу прашања околу легитимитетот на престедателот и Парламетот. Шокантно е што на овој начин се обидуваат да се извлечат од политичките проблеми. Доколку претседателот го потпише законот, Нигерија ќе биде првата земја која ги криминализирала геј луѓето во својот устав. Тоа ќе има голем удел кај земјите во соседството. Уганда ќе го стори истото, а потоа ќе следи и Сиера Леоне“.