До крајот на овој месец ќе биде склучен првиот геј брак во Франција

До крајот на овој месец ќе биде склучен првиот геј брак во Франција

Градоначалничката на Монтпелие во Франција најави дека нејзиниот град ќе го прослави првиот геј брак во земјата кој треба да биде склучен на 29-ти мај оваа година.

 

Венчавката ќе се случи кога францускиот закон за брачна еднаквост ќе стане официјален, односно десет дена откако францускиот претседател Франсоа Оланд го потпиша истиот и откако тој беше објавен во францускиот служебен весник, објасни градочалничката Елен Мандру.

 

Од Мандру се очекува да ги венча четириесетгодишниот Винсент Отин и триесетгодишниот Бруно геј пар кој уште од минатиот септември се наоѓа во неофицијалнизирана врска.

 

На 27-ми септември 2012-та, француската министерка за правата на жените Нажат Балсем Валуд вети дека првата геј венчавска ќе биде токму во Монтпелие.

 

Отив изјавил дека Балсем Валуд му рекла дека ќе присуствува на венчавката. „Јас сум почестен и поласкан“ – изјави Отив.

 

Монтпелие, градот кој е познат како француското Сан Францско, од страна на читателите на Тету, најбитната ЛГБТ публикација во земјата, минатиот декември беше прогласен за најгеј-френдли град во Франција.