Денеска се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата

Денеска се одбележува Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата

Денеска, на 17-ти мај, се одбележува деветиот по ред Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата. Активности за одбележување на денот се најавени во преку сто земји ширум светот.

 

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун, им се обрати на учесниците на високата меѓувладнина конференција организирана од страна на владата на Холандија по повод Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата која се одржа вчера вечер во Хаг.

 

Во својот говор Генералниот секретар потенцираше дека „веќе неколку генерации, лезбејките, геј луѓето, бисексулаците и трансродните луѓе (ЛГБТ) во сите региони во светот биле жртви на ужасно насилство само поради нивната сексуална ориетација и родов идентитет“ и додаде: „Властите предолго време молчеа за нивното страдање. Како Генерален секретар, јас сум обврзан да го кренам својот глас“.

 

Нагласувајќи ја потребата од правни реформи, Бан ки Мун истакна дека „јавното образование е исто така неопходно во спротиставувањето на негативните стереотипи и промоцијата на поголемо разбирање“.

 

Обраќањето беше испорачано и прочитано од страна на Високиот комесар за човекови права на Обединетите Нации, Нави Пилај, во присуство на Нејзиното Височество Кралицата на Холандија.

 

Конференцијата по повод Меѓународнот ден против хомофобијата и трансфобијата, која е во траење од два дена, претставува еден од првите јавни настапи на Кралицата Максима и нејзиното учество беше поздравено од страна на организаторите како јасен знак на силата на нејзината поддршка во полза на почитувањето на човековите права на сите луѓе без разлика на нивната сексуална ориентација или родов идентитет.

 

Комитетот на Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, организацијата која го промовира денот ширум светот, потсети дека околу еден и пол милијарди луѓе живеат во земји во кои истополовите врски се криминализирани. Досега јавно се признава дека лицата кои ги привлекуваат луѓе од исто пол преставуваат околу три проценти од светската полулација. Ова значи дека четириесет и шест милиони луѓе, што преставува број на популација колку што има Шпанија, се де факто криминализирани и нивната љубов е оневозможена.

 

Настаните со кое се одбележува деветиот Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата кои утрово се случуваат вклучуваат: целодневна програма на МТВ Бразил посветена на денот, протест во Санкт Петерсбург и покрај официјалната забрана на настанот, протест за еднакви права на педесет илјади луѓе во Чиле, промоција на онлјан кампања на палестински лезбејски групи и флешмоб настани во Унгарија, Грузија, Естонија, Молдавија, Алжир и десетици други земји.

 

За повеќе информаци за насаните ширум светот посетете ги следниве линкови:

http://www.dayagainsthomophobia.org

http://www.facebook.com/may17idaho

http://www.twitter.com/may17idaho