Пионерското ЛГБТ истражување ги разлути верските конзервативци

Пионерското ЛГБТ истражување ги разлути верските конзервативци

Оваа недела Агенцијата за основни права на Европската Унија ќе ги презентира резултатите од двегодишното истражување на дискриминацијата и насилството кое го искусиле лезбејките, геј, бисексуалните и трансродните лица во ЕУ и Хрватска.

 

Преку безбеден прашалник истражувањето опфатило деведесет и три илјади потврдени одговори на ЛГБТ луѓе. Податоците беа обработени и анализирани од страна на Галуп Европа.

 

Резултатите ќе бидат презентирани во Хаг на 17-ти мај, на Меѓународниот ден против хомофобијата. На презентацијата ќе присуствуваат Европскиот Комесар за основни права, Вивиен Рединг, неколку министри за еднаквост, членови на Европскиот Парламент и претставници на граѓанското општество.

 

Конзервативните верски групи, каква што е Институтот „Католичко семејство и човекови права“ од САД го критикуваа истражувањето, жалејќи се дека хетеросексуалците не биле во можност да го одговорат прашалникот и тврдејќи дека статистиките биле измислени.

 

Европската парламентарка и подпретседателка на ЛГБТ Интергрупата, Сирпа Питкеинен, изјави: „Ји почитувам слободата на мислење на конзервативните католички групи во нивните тврдења за правата на жените и ЛГБТ луѓето, но воопшто не ми се допаѓа начинот на кој го критикуваат истражувањето пред тоа воопшто да биде објавено. Во секој случај, тие не го задржуваат вниманието дури и на парламентарците од десниот-центар“.

 

Европскиот Дигнити Воч, лоби група која застапува католички политики за ограничување на пристапот до абортус, стопирање на истражувањата со матичните клетки и одземање на правата на ЛГБТ луѓето, минатиот април, исто така, го критикуваше истражувањето.

 

Групата, за која некои се сомневаат дека е поврзана со американските нео-конзервативци, соопшти дека истражувањето „фабрикувало факти“ и дека резлутатите биле бескорисни поради тоа што истражувањето се спроведувало анонимно.

 

Софи ин’т Велт, подпретседателот на ЛГБТ Интергрупата и Комитетот за граѓански слободи, додаде: „Мислам дека е тажно што овие групи наоѓаат какви било причини за да ја критикуваат работата на Агенцијата за основни права секогаш кога таа ги промовира правата на жените и ЛГБТ луѓето. Нивниот пристап покажува дека оваа истражување е неопходно, и дека, за жал, еднаквоста се уште има многу непријатели.

 

Резултатите на ЛГБТ истражувањето ќе бидат достапни онлајн на 17-ти мај.