Премостувањето на меѓуетничките поделби мора да биде највисок приоритет во Република Македонија

Премостувањето на меѓуетничките поделби мора да биде највисок приоритет во Република Македонија

(Стразбур, 9-ти Април, 2013) – „Неколку пресвртници беа постигнати со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој се заврши конфликтот во 2001-та, вклучувајќи ги и полињата во локалната самоуправа, употребата на јазиците и правичната застапеност. Меѓутоа, длабоката политизација на партиските линии и политичките влијанија се одразуваат негативно врз социјалната кохезија“ – изјави денеска Нилс Миужниекс, комесарот за човекови права на Советот на Европа, при објавувањето на извештајот од неговата посета на земјата минатиот ноември.

 

Иако Република Македонија има добро развиен образовен систем на јазиците на малцинствата, Комесарот ја истакна важноста на интегрираното образование. „Етничките Македонци и етничките Албанци имаат малку шанси за интеракција и им недостасува можноста да учат едни од други. Децата и младите луѓе не треба да бидат заложници на неполезните дебати за правата на заедниците“ – рече Комесарот.

 

Потребно е да се преземе акција за да се решат прашањата за човековите права поврзани со конфликтот во 2001-та. „Неказнивоста на голем број на прекршувања на човековите права извршени во 2001-та го попречува долгорочното помирување помеѓу двете најголеми заедници во земјата. Правдата е потребна за да се осигура одговорноста и повторно да се воспостават правата и достоинството на жртвите. Одлуката на Парламентот за интерпретацијата на Законот за аменстија во 2011-та, според која сите кривични дела сторени во конфликтот 2001-та ќе бидат разгледувани според Законот за амнестија, исто така, носи потешкотии. Амнестијата не треба да важи за сериозните прекршувања на човековите права и прекршувањата на меѓународното хумантирано право“.

 

Комесарот повика на разјаснување на судбината на преостанатите четиринаесет лица кои исчезнаа за време на конфликтот и препорачува властите да најдат трајни решенија за преостантите триста триесет и четири внатрешно раселени лица, како и итно посветување внимание на деведесет и петте лица кои се уште живеат во центри за колективно домување.

 

Иако ги поздрави преземените мерки за подобрување на ситуацијата на Ромското население, Комесарот подвлече дека се уште постојат сериозни проблеми. „Ромите се уште се втурнати во сиромаштија и невработеност, живеат во посебни делови од градовите во кои често има неприфатливи животни услови. Ромските деца се презастапени во училиштата за деца со посебни потреби. Ова ја перпетуира нивната исклученост и ги прекршува нивните човекови права. Сите деца треба да имаат пристап кон соодветно образование“.

 

Постои загриженост и за мерките за контрола на емигирацијата. „Помеѓу декември 2009-та и ноември 2012, на околу седум илјади македонски граѓани, генерално Роми, не им беше дозволено да заминат од државата и документите им беа конфискувани. Таквите мерки се во спортивност на воспоставеното меѓународно право за напуштање на државата и правото на барање азил. Наместо луѓето да се казнуваат за обидот да ги практикуваат своите човекови права, властите треба да се посветат на решавање на основите причини за сиромаштијата и социјалното исклучување поради кои индивидуите се приморани да бараат азил во друга држава.

 

Што се однесува до лустрацијата, Комесарот Миужниекс порача дека таа никогаш не би требало да се користи за лични или политички цели или како инструмет за одмазада. „Демократските држави имаат доволно средства за осигурување на правдата и казнување на виновните.

 

Одлуките на Уставниот суд во врска со лустрацијата мораат да се почитуваат“.

 

Извештајот содржи дополителни препораки, вклучувајќи и дел кој се одесува на ситуација во која се наоѓаат преку илјада лица кои немаат државјаство, осигурувањето сите Роми да поседуваат лични документи, како и борбата против дискриминацијата.

 

Коментарите на македонските власти се достапни овде.