Пратениците во Уганда бараат тајно гласање за хомофобичниот закон

Пратениците во Уганда бараат тајно гласање за хомофобичниот закон

Членовите на парламентот во Уганда соопштија дека имаат намера да дискутираат и да глассат во тајност за законот против хомосексуалоста.

 

Поради стравот од повлекување на економската помош од развиените земји, повеќето пратеници се заложија за затворена седница. Ова значи дека на ниту еден претставник на медиумите нема да му биде дозволен пристап во дебатата.

 

Според истражувањето на Уганда Обзервер, околу четириесетина законодавци велат дека потполно го подржуваат предлог-законот.

 

Моника Амодинг, која одби да каже дали го подржала законот, вели дека ситуацијата е многу чувствителна.

 

„Некои од нас се плашат дека доколку има јавна дебата, тие ќе бидат гонети поради своите ставови“ – изјави Амодинг.

 

Друг пратеник, кој инсистираше да остане анонимен, рече дека со јавната поддршка на законот пратениците може да завршат на црната листа на западните земји.

 

„Ние имаме проекти кои се финасирани од донатори и во исто време не сакаме да бидеме погрешно разбрани од страна на нашите гласачи. Затоа подобро е да бидеме тивки за да избегнеме да бидеме ставени за црната листа“ – вели тој.

 

Поддршката за законот во земјата е многу голема, со тоа што поголемиот дел од граѓаните на Уганда велат дека тој треба да се донесе „веднаш“.

 

Лидерите на САД и на голем број на европски земји го осудија предлог-законот. Министерот за надврешни работи на Канада рече дека законот го навредува достоинството и семејните вредности.

 

Иако ветувањето на претседателката на парламетот во Уганда, Ребека Кадага, дека законот ќе биде усвоен како „христијански подарок“ на народот на Уганда не се оствари, законот се уште се наоѓа во процедура и се очекува да биде усвоен наскоро.

 

Опонентите на законот во рамките на парламетот на Уганда се скоро непостоечки и многу ЛГБТ активисити предвидуваат дека доколку има гласање законот ќе биде усвоен.

 

Хомосексуалноста е веќе нелегална во Уганда, но со законот се превидуваат построги казни лица осудени за „влошена хомосексуалност“. Доколку лицата бидат осудени, според законот им следува смртна казна.