Објавен е мартовскиот број на S-WORK

Објавен е мартовскиот број на S-WORK

СТАР-СТАР го објави новиот февруарскиот број на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.

 

Во новиот број можете да прочитате:

Овој месец на 3 март 2013 година, ќе се одбележи Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници.Повторно, заедно да го одбележиме интернационалниот ден за човекови права на сексуалните работници…

 

 

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МИЛА К**ВАТА

Почитувани господа Тодор Петров и Нано Ружин (први пратеници во борбата за легализација на проституцијата) и Самка Ибраимовски, Иван Анастасовски и Есад Рахиќ (пратеници со сериозен обид да внесат предлог закон во Собранието за легализација на проституцијата)
Се викам Мила. Сексуална работничка или народски кажано “проститутка” со фини облини, кежуал стил на облекување (иако знам дека ме замислувате во тесен црвен минич и 13-ка црвен лак потпетица)…

 

СЕКС ГАРАЖИ -ЦИРИХ

Швајцарскиот град Цирих има за намера да отвори секс гаражи со цел да го ослободи градот од сексуалната работа на улица, но во ниеден случај да ја отстрани. Градоначалникот на Цирих одобрил преокт за градење на т.н гаражни кутии, со што ќе се овозможи дискретна локација на сексуалните работници и нивните клиенти да го спроведат својот бизнис, во Август наредна година…

 

СЕКСУАЛНАТА РАБОТА ВО ЊУ ОРЛЕАНС ОД 1912-ТА ГОДИНА

По смртта на Е. Ј. Белок (1873-1949), поголем дел од неговата работа била уништена. Меѓутоа, подоцна колекција на негативи од фотографии биле најдени скриени во неговата софа…

 

ИРЕНА ШТАБУ – НАЈПОЗНАТАТА ПРОСТИТУТКА НА СИТЕ ВРЕМИЊА

“Ирена сакала да биде убава, да биде жена, да биде слободна. Беше директна и ќутлива како дете. Сакаше флерт повеќе од брак, а тензија повеќе од хармонија. Сакаше да копнее повеќе од што сакаше да биде задоволена.негативи од фотографии биле најдени скриени во неговата софа. Истите тие негативи претставувале фотографии на проститутки кои работеле во легализирани бордели на Сторвил од 1912 година…

 

ФЕЉТОН “Историја на сексуалноста” од Рихард Левинсон Морус
Со презирот кон проституцијата не се согласува една белешка на Херодот, според која во Меспотамија секоја жена пред бракот морала во храм да му се предаде на друг маж. Можеби тоа бил некаков заостаток од некое многу дамнешно време, забeлешката потекнува од средината на V п.н.е кога земјата веќе била персиска…

 

Февруарскиот број на магазинот можете да го преземете овде.