08 Mar Овогодишниот Меѓународен ден на жената е посветен на насилството врз жените
Иако секој заслужува да ја раскаже својата уникатна приказна, повеќето напори да се даде признание на животите и делата на жените во текот на месецот март можат да бидат тешки за разјаснување. Денеска во целиот свет се одбележува Меѓународниот ден на жената. Темата на овогодишното одбележување е „Ветувањата мора да се исполнат: Време е да се стави крај на насилството врз жените“. Додека законодавците во Минесота, како и безброј други законодавни тела во рамките на САД и останатиот дел од светот, расправаат за оваа тема, ова е добар момент да се потсетиме на историјата на самиот празник.
Приказните на Меѓународниот ден на жената се малку измешани. Првиот национален ден во САД е одбележан на 28-ми февруари 1909 потикнат од декларацијата на Социјалистичката партија на Америка. Во август следната година била организирана Меѓународната конференција на жените која и претходела на состанокот на Втората Социјалистичка Интернационала одржан во Копенхаген. Како резултат на собирот, Луиз Цитс предложила одбележување на Меѓународен ден на жената. Предлогот бил поддржан од Клара Цеткин и едногласно одобрен на конференцијата на која присуствувале повеќе од сто жени од седумнаесет земји. Иако одбележувањето било одобрено, не бил селектиран фиксен датум.
Во 1911-та, една година по усвојувањето на Копехагенската одлука, Меѓународен ден на жената бил за првпат одбележан во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На одбележувањето учествувале повеќе од еден милион жени. Најприоритетните барања биле правото на глас на жените, правото да учествуваат во политичкиот живот, правото на стручна обука и заштитата на работничките права на жените.
Следната година болшевичката Александра Колонтаи го убедува Ленин да го признае денот како официјален празник. Во овој период Меѓународниот ден на жената бил поврзан со протестите по повод Првата Светска Војна. Како дел од движењето за мир, Руските жени за првпат го одбележале празникот на последната недела од месецот февруари во 1916-та.
За време на 1917-та додека војната се уште траела, руските жени штрајкувале под мотото „Леб за мир“ во последната недела од февруари што всушност се совпаѓало со 8-ми март на Грегоријанскиот календар. Во тие денови, царот абдицирал и привремената влада во Русија им го доделила правото на глас на жените.
Од почетокот на официјалнто усвојување на Меѓународниот ден на жената одстрана на Советите во 1917-та денот генерално се одбележувал во Советскиот блок и другите социјалистички нации. Кинезите се придружиле во 1922-та, Шпанските комунисти во 1936-та. Денеска 8-ми март преставува официјален празник во Авганистан, Ангола, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Буркина Фасо, Камбоџа, Кина (само за жени), Куба, Грузија, Гвинеја Бисау, Ертитреја, Казакстан, Киргистан, Лаос, Македонија (само за жени), Мадагаскар (само за жени), Молдавија, Монголија, Црна Гора, Непал (само за жени), Русија, Таџикистан, Туркменистан, Уганда, Украина, Узбекисан, Виетнам и Замбија.
Меѓународниот ден на жената се појави на јавнате агенди на Запад кога во чартерот на Обединетите нации, усвоен во 1945-та, беше вклучена и првата меѓународна афирмација на принципот на еднаквост помеѓу мажите и жените. Четири децении подоцна, во 1975-та Обединетите Нации дадоа официјално одобрување за одбележувањето и спозорирањето на празникот.
Зачнат како протест против женската потчинетост на работното место, Меѓународниот ден на жените денеска вклучува различни теми и каузи. На пример, минатата година темата на празникот беше „Потикнување на жените – крај на гладот и сиромаштијата“. Оваа тема се наоѓа и на овогодишната агенда со тоа што извршните раководители на Светската програма за храна. Организацијата за храна и земјоделство на САД, Интернационалниот фонд за земјоделски развој и Меѓународната правна организација за развој, се сретнаа во Рим за да го одбележат празникот.
Постојат безброј онлајн ресурси од кои може да се научи повеќе за Меѓународниот ден на жената, неговата историја и глобалниот опфат на кампањата со која се промовираат темите и програмите. Постојат материјали за деца и учители, листи за читање, посебни монети, поштенски марки, постери и многу други ресурси. Постојат и човечки ресурси, особено жените кои учествувале во процесот на воспоставувањето на женските права ширум светот. Некои од нив на 8-ми март ќе бидат во Њу Јорк каде што Комисијата за статусот на жените ќе ја одржи педесет и седмата сесија во рамикте на седиштето на ОН. Дикусијата ќе биде фокусирана на овогодишната тема на Меѓународниот ден на жената, односно на елиминацијата и превенцијата на сите форми на насилство врз жените и девојките.
Иако Меѓународниот ден на жените е само еден посебен ден во рамките на Месецот на женската историја, тоа е ден на кој може да се научи и да се дискутира за неговата скоро стогодишна историја.
Автор: Мери Трејси
Извор Дејли планет