04 Mar За прв пат бебе излекувано од ХИВ
Докторите на едно бебе инфицирано со ХИВ соопштија дека успеале да го излечат пациентот. Како што објави Њу Јорк Тајмс, новороденчето било родено во руралното Мисисипи. Триесет часа по неговото раѓање ,докторите почнале да применуваат антиретровирусна терапија. Ваквиот вид на процедура е невообичаена кога се работи за новороденчиња, но би можело да стане стадардна доколку случајот се потврди.
Ова престставува втор случај на пациент кој бил излечен од ХИВ. Првиот беше случајот на Тимоти Браун, во медицинската литература познат како„Берлинскиот пациент“. Средовечниот маж, кој боледувал и од леукемија, направил транспалтација на коскена срж од лице кои било генетски отпорно на ХИВ.
„За педијатрите, ова бебе е нашиот Тимоти Браун“ – вели д-р Дебора Персаунд, вонредна професорка во рамките на Центарот за деца „Џон Хопкинс“ и главен автор на извештајот за лекувањето на бебето. Персаунд изјави за Њу Јорк Тајмс: „Ова претставува доказ дека можеме да ја излечиме ХИВ инфекцијата доколку го реплицираме случајот“ .
Мајката го роди бебето во предвремено пораѓање во рурална болница во 2010-та. За време на бременоста таа не поседувала здравствено осигурување и не знаела дека била заразена со ХИВ. Првичните тестови покажале дека бебето може да е заразено и третманот започнал од прилика еден ден по неговто раѓање. Нивоата на вирусот почнале брзо да опаѓаат и по еден месец биле скоро незабележливи.
Некои истражувачи се скептични на случајот сомневајќи се дали пациентот воопшто го имал вирусот во себе.
„Постојат дефинитивни докази дека бебето било заразено“ – за Њу Јорк Тајмс изјави д-р Даниел Р. Куритцкез, шеф на оделението за заразни болести во Бригем и Женската болница.
Докторите на детето ќе ги соопштат своите наоди денеска во рамките на Конференцијата за ретровирусни и опортунистички инфекции.