Дискусија и промоција на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“

Дискусија и промоција на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ има за чест да ве покани на дискусија по повод објавувањето на публикацијата „Медиумите, говорот на омраза и маргинализираните заедници: Водич за медиуми“ која што ќе се одржи на 27-ми февруари со почеток во 12:00 часот во проториите на ГЕМ клубот.

 

Свое излагање на дискусијата ќе имаат авторите на публикацијата, Жарко Трајаноски, Тамара Чаусидис и Роберто Беличанец, како двајца членови на Советот за радиодифузија, г-дин Лазо Петрушевски и Г-ѓа Емилија Јаневска.

 

Публикацијата го адресира прашањето за почитувањето на новинарските стандарди при известувањето за различностите и за дискриминацијата, особено врз основа на родот, сексуалната ориентација, здравствениот статус или на припадноста кон некоја маргинализирана група.

 

Медиумите и медиумските професионалци имаат една од главните улоги во борбата против дискриминацијата и во охрабрувањето на интеркултурниот дијалог. Со препознавањето и со осудата на дискриминацијата, говорот на омраза, и на насилството кон маргинализираните групи, новинарите можат да помогнат во надминувањето на нееднаквоста и на повредите на основните права. Се надеваме дека со вашето присуство ќе ни се приклучите кон заедничкото поттикнување и промовирање на демократските и професионалните стандарди во македонското новинарство и медиуми.