13 Feb Тројна промоција утре во ЛГБТИ Центарот за поддршка
ЛГБТИ Центарот за поддршка со големо задоволство ве поканува да присуствувате на утрешната тројна промоција во ЛГБТИ Центарот за поддршка. Промоцијата се однесува на новообјавена веб страна на центарот, на прирачникот за родители и семејства на ЛГБТИ луѓе „Нашите синови и ќерки“, како и на Кварталниот извештај за правата на ЛГБТИ луѓето во Македонија.
На промоцијата на веб-страната на ЛГБТИ центарот за поддршка со пригоден говор ќе се обрати амбасадорката на Кралството Холандија во Република Македонија, Марија Хенриете Шурман, извршната директорка на Хелсиншкиот Комитет Уранија Пировска, програмскиот директор Кочо Андоновски и една мајка која е спремна да го сподели своето исккуство.
Настанот ќе започне во 12 часот и ќе се одржи во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Старата Чаршија.