Турската војска ќе ги разрешува геј војниците

Турската војска ќе ги разрешува геј војниците

Турските вооружени сили се подготвуваат да воведат нов правилник кој во суштина им порачува на геј војниците: „Доколку се аутирате – ќе бидете разрешени, доколку останете во шкафот – нема да преземаме ништо“

 

Старите членови кои се повикуваа на „неприроден однос“ и „психосексуално растројство“ како причини за разрешување на војниците од армијата ќе бидат заменети со нови критериуми: „сексуалниот идентитет и шемите на однесување треба да бидат доминантни и очигледни во секој дел од животот“.

 

Според Али Ерол, од водечката турска ЛГБТ организација Каос ГЛ, кој било војник кој е отворено геј ќе биде избркан од војската откако ќе се поднесе и одобри „медицинскиот извештај“ од страна на турското Министерство за национална одбрана кое ги воспостави гореспоменатите критериуми.

 

Турскста ЛГБТ организација остро го критикуваше новиот правилник нарекувајќи го дискриминаторски и сметајќи дека претставува кршење на човековите права.

 

„Кога се работи за задолжителната воена обврска, геј лицата се сметаат за болни и не им се дозволува да служат во војската“- изјави Ерол за дневнот весник Хуријет и додаде: „Војската ја дефинира хомосексуалноста како психосексулано растројство. Но, кога припадник на службата на војската е геј, тој се смета за виновен за дисциплиско кривично дело. Тоа претставува случај на двојна дискриминација“

 

Ерол, исто така, изјави дека Европскиот суд за човекови права претходно ги осуди диксриминаторските пракси на Турција и доколку овој нов правилник е усвоен за да се спречат понатамошни тужби, тоа нема да биде успешно.

 

„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е јасна. Сексуалната ориентација на една личност не смее да се смета за кривично дело и секоја пракса која сугерира дека е поинаку претставува дисриминација на основа на сексуална ориентација. Овој термин, за жал, не постои во рамките на нашиот правен систем, но тој е признаен од страна на Европскиот суд за човекови права и сите идни тужби на основа на оваа пракса ќе бидат третирани како претходно“ – рече тој.

Служењето на воениот рок во Турција е задолжителен за сите машки државјани во земјата кои се на возраст помеѓу 18 и 41.

 

ЛГБТ лицата кои сакаат да бидат приговарачи на совеста мораат да се идентификуваат себе си како „болни“ и се приморани да понинат низ, како што Хјуман Рајст Воч ги нарекува, „понижувачки и деградирачки“ тестирања за да ја „докажат“ својата хомосексуаност.

 

Политиката на турската армија во однос на геј лицата и транссексуалците беше критикувана во извештајот на Европската Комисија од октомври 2009-та.

 

На 26-ти април минатата година, дваесет и два членови на собранието на Советот на Европа изразија загриженост поради деградирачкиот третман на геј лицата и транссексуалците преку нивното исклучување од службата на Турските вооружени сили и побараа оваа пракса да биде сопрена.

 

Се чини дека турската влада ги игнорирала пораките на Европската комисија и Советот на Европа.