Против насилството врз жените – штрајкувај, танцувај, крени се!

Против насилството врз жените – штрајкувај, танцувај, крени се!

 

Иницијативата започнала како повик за акција базиран на вчудовидувачката статистика, според која една од три жени на планетава ќе биде истепана или силувана во текот на својот живот.  Испровоцирана од овој факт, Ив Енслер ја основала организацијата V-Day како глобално движење против насилството врз жените и врз девојките, кое собира средства и ја крева свеста на населението преку добротворни продукции на наградуваната претстава „Вагинални монолози“. Со помош на собраните средства се организираат интернационални образовни и медиумски кампањи, се отвораат центри за жртвите на насилство во сите земји во светот и се спонзорираат различни општествени програми против насилството врз жените. Во 2012 година се организирани над 5800 добротворни настани од страна на волонтерите во САД и во другите земји во светот, при што се едуцирани милиони луѓе на кои им е претставена вистинската слика за насилството врз жените и врз девојките.

 

Придружете им се на V-Day и на ONE BILLION RISING и кажете му „НЕ“ на насилството врз жените и врз девојките. За повеќе информации за настанот, но и за движењето – посетете ја официјалната страница на ВиДеј Македонија на Фејсбук или кликнете овде.
Преземено од http://izlez.mk