Од мажественост до секси: Историјата на високите потпетици

Од мажественост до секси: Историјата на високите потпетици

Зошто жените носат високи потпетици? Затоа што мажите претходно ги носеле.

 

Мажите биле првиот пол кој ги прифатил високите потпетици. Тие биле прифатени како статусен сигнал од страна на европската аркисторкатија во седумнаесетиот век. Логиката се состоела во следново: Само оној кој не морал да работи бил во можност да се шета со такви непрактични чевли (Интересно е што според истата логика во Кина била спроведувана праксата на стеснување на женските стапала.

 

Жените почнале да носат потпетици како начин да се обидат да ја апропреираат машката моќ. Во написот на Би-Би-Си на оваа тема. Елизабет Самелхак, која е куратор на музеј на чевли, објаснува:

 

„Во 1630-тите жените ја стрижеле својата коса, додавале епулети на своите одела. Тие пушеле лулиња и носеле шапки кои ги носеле мажите во тоа време. И ова е причината зошто жените ја прифатиле и високата потпетица – тоа била обид за маскулизирање на нивиот изглед“.

 

Пониските класи, исто така, почнале да носат високи потпетици, бидејќи модните трендови најчесто се креирани од елитата.

 

Како елитата реагирала на имитацијата на „нижите“ класи: жените и работниците? Најпрво потпетиците кои ги носела елитата станале многу повисоки со цел да ја задржат својата дистинкција на повисока класа. Второ, потпетиците биле разделени во два типа: широки и тесни. Широките биле за мажи, тесните за жени.

 

Ова претставува прекрасна илустрација на теоријата за класна дистинкција на Пјер Бордје. Бордје тврдел дека естетските избори функционираат како маркери за класната разлика. Според тоа, елитата презема акција за да се презентира себе си различно од не-елитата, одбирајќи различна гардероба, храна, декорации и т.н.. Скапите цени ги задржуваат одредените нешта само за елитата со што им се дозволува да ја означат својата моќ. Но, сепак имитациите се неизбежни. Кога одреден производ богатите повеќе не ги прави различни од останатите, богатите го отфрлаат. Поради тоа одредени луѓе посакуваат копии на одредени производи- затоа што не се работи за квалитет, туку за класна динстинкција.

 

Мажите престанале да носат потпетици заради тоа што нивната асоцијација со жените ја поништиувала нивната моќ како статусен симбол за мажите. Со Просветителстово, кое го потенцирало разумот (според тоа и носењето попрактични чевли), сите престанале да носат високи потпетици.

 

Но, откаде тогаш се вратила модата на носење високи потпетици од страна на жените? Од порнографијата. Во среднината на деветнаесетиот век порнограферите почнале да сликаат голи жени во високи потпетоци, а останато е историја.

 

Автор: Лиса Вејд, професор по социологија на Оксидентал Колеџ.

 

Извор: http://thesocietypages.org/