Тркалезна маса: „Права на пациенти: механизми за заштита и контрола на квалитет (со посебен осврт на маргинализираните заедници)“

Тркалезна маса: „Права на пациенти: механизми за заштита и контрола на квалитет (со посебен осврт на маргинализираните заедници)“

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ – Скопје, ве поканува на тркалезна маса која ќе се одржи на 07.02.2013 година, од 13 до 15 часот во ГЕМ клубот („Менада“, влез на Старата чаршија во Скопје).
На тркалезната маса „Права на пациенти: механизми за заштита и контрола на квалитет“ (со посебен осврт на маргинализираните заедници)“ ќе биде промовирана анализа на законската регулатива која се однесува на механизмите за заштита на правата на пациентите и правото на почитување на контролата на квалитетот на здравствените услуги.

Како промотори на анализата и препораките, на тркалезната маса ќе земат учество:
Жарко Трајаноски и Наташа Бошкова од Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ – Скопје

Марија Гелевска и Борјан Павловски од Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост, ЕССЕ

 

Мирјана Најчевска, Центар за човекови права и разрешување на конфликти.

На тркалезната маса ќе земат учество и претставници на работната група за измени во легислативата од ХОПС и ХЕРА, а поканети се и претставници од Министерството за здравство и од Комисиите за заштата на права на пациенти, како и претставници од други здруженија на граѓани кои се занимаваат со правата на пациентите, човековите права и правата на припадниците на маргинализираните заедници.