Геј Стар Њуз: „Во Македонија се промовира хомофобија пред локалните избори“

Геј Стар Њуз: „Во Македонија се промовира хомофобија пред локалните избори“

Непосредно пред локланите избори во земјата кои треба да се одржат за помалку од два месеци, македонските медиуми кои се под контрола на Владата промовираат хомофобија и „аутираат“ припадници на опозицијата за кои се препоставува дека се геј. Дневниот весник Вечер, кој претставува подржувач на Владата, јавно именува и навреди неколку про-опзоциски фигури обвинувајќи ги дека се хомосексуалци и објавувајќи нивни фотографии.

 

 

„Листата на педери“ ги вклучуваше уредникот на дневниот весник Вест, Горан Михајловски, уредникот на новинскиот портал Либертас, Ацо Кабранов, и уредникот на забавниот магазин Крема, Зоран Василевски. „Ги повикуваме сите читатели кои можат да ни кажат имиња на новинари за кои претпоставуваат дека се геј и да ни ги пренесат своите искуства“- се вели во минатонеделно издание на весникот Вечер.

 

Во своја изјава за Геј Стар Њуз, Беким Асани, раководителот на организацијата ЛГБТ Јунајтед Македонија, вели дека ситуацијата станува се полоша во земјата:

 

„Навистина станува полошо овде. Јас сум многу загрижен за безбедноста на ЛГБТ лицата во Македонија. Владата и опзицијата си разменуваат хомофобични навреди пред изборите кои треба да се одржат на 24-ти март оваа година. Мислам дека тоа е обид да се оттргне вниманието на јавноста од реалните проблеми со кои се соочува земјата. Ова е само еден од серијата на хомофобични инциденти во земјата, постојано слушаме анти-геј навреди и напади за време на фудбалски мечеви или за време на верски собири“.

 

Во разговор со Геј Стар Њуз, Питер Тачел, застапник за ЛГБТ и човекови права, рече: „Хомофобијата се користи како политичко оружје кое се рефлетира врз пошироката шема на виктимизација на ЛГБТ лицата во Македонија. Тоа е еден од најрегресивните анти-геј режими во Европа. ЛГБТ активистите во Македонија работат во услови на естремно анти-геј непријателство. Тие се херои и хероини на глобалната борба за квир слобода“.

 

Минатиот месец за време на православиот Божиќ, поглаварот на Македонската Православна Црква јавно изјави дека геј бракот „не само што претставува прекршување на светата Божја воља, туку е и вовед и предуслов за растурање на семејството како основна клетка на секоја цивилизација и општество. Оттаму, ние како слебеници на Христа, кои се потчинуваме на неговиот закон, Господ ни даде света должност да предупредуваме и да се обидуваме да ја спречиме ерозијата на моралот и уништувањето на бракот“.

 

Кога ЛГБТ Јунајтед реагираше на овој говор, влијателниот водител Јанко Илкоски на својата Фејсбук страница изјави „Строго го осудуваме соопштението на здружението на педери. Тие ги навредија сите лица кои веруваат во Бог и црквата, ги навредија сите оние кои имаат нормални семејства и сите оние кои водат нормален, здрав и преодуктивен живот кој не е перверзен“.

 

По овој настан членовите на ЛГБТ Јунајтед добија закани и хомофобични навреди на нивните Фејсбук профили.

 

Македонија досега има усвоено закон за антидискриминација кој не ги вклучува сексуалноста и родовиот идентитет, бидејќи такви концепти не постојат во правниот систем на земјата според министерот за труд и социјални работи.

 

Британскиот член на Европскиот Парламент, Ричард Ховит, неодамна повика на понатамошна истрага на дисриминацијата на ЛГБТ лицата во Македонија, пред започнувањето на прегороврите за прием на земјата во Европската Унија. Македонија се смета за една од најхомофобичните земји во Европа.

 

Според истражување од 2002-та, повеќе од 80% проценти од Македонците сметаат дека хомосексуалноста е „психичко растројство кое го загрозува семејството. Околу 65% проценти сметале дека хомосексуалноста е злостроство кое се казнува со затвор. Според истражување од 2010-та, повеќе од 70 % од испитаниците одговориле дека не би сакале да имаат хомосексуалец за свој сосед.