15 Jan Објавен е јануарскиот број на S-WORK
СТАР-СТАР го објави новиот јануарски број на магазинот S-WORK кој ги опфаќа случувањата од сексуалната индустрија во Македонија. Преку животот и искуствата во сексуалната работа на авторите надвор од земјава, S-WORK ги пренесува трендовите и развојот на сексуалната работа ширум светот. Магазинот во електронска форма можете да го преземете од линкот подолу во текстот.
Во новиот број ќе можете да прочитате:
– Италијанска проституција: додека комерцијалниот секс зазема место во елитните бордели и назначените „red light” улици во повеќето земји, некои места во светот се ограничени само на прватни апартмани или отворено на улица…
– Италијанска проститутка бара да и воведат данок: Италијанска проститутка ја повика Владата да ја легализира проституцијата во државата и да воведе данок, јави БТА повикувајќи се на италијански извори…
– Нови услуги на аеродромот Шипхол-Амстердам: Сексуални работници аеродромот Шипхол во Амстердам им нуди на патниците многу услуги за нивнoто слободно време помеѓу летовите: фришопови, салони за релакс масажи, казина, дури и уметнички галерии. Покрај овие услуги, можат да ужуваат и во услугите кои ги нудат сексуалните работници.
– Фељтон „Историја на сексуалноста“ од Рихард Левинсон Морус
– Дава услуги во кревет, но без секс: Иако во нејзиниот кревет легнуваат по неколку мажи и жени во текот на денот, сепак дваесет и девет годишната Џеки Семјуел не е проститутка.
– Порно актерките се посреќни од обичните жени: Порно актерките не се ни малку незадоволни од своите животи, напротив посреќни се и имаат попозитивен поглед на животот од останатите жени, открива истражувањето на американските психолози…
– Фрик фестивал: И оваа година по четврти пат се одржа Фрик фестивал. На 25-ти и 26-ти декември на неколку локации во Скопје, скопската публика имаше шанса да погледне една поинакво културно и уметничко изразување, надвор од стереотипите на „главните сцени“…
Јануарскиот број на магазинот можете да го преземете овде.