15 Aug Сексуалните работници бараат декриминализација
Лагос, Нигерија (Womensenews) – Триесетгодишната Патриша Окана, е комерцијален сексуален работник. “Сексуалната работа е иста како и секоја друга професија “, вели таа. “Постојат предизвици, но му благодарам на Бога што става храна на мојата маса.”
Окана, која е вдовица, вели дека сиромаштијата е главниот катализатор кој ги принудува жените да започнат да се занимаваат со комерцијална сексуална работа, која во Нигерија преставува кривично дело и се казнува со затвор .
Речиси 65 проценти од Нигеријците живеат под границата на меѓународно определената линија на сиромаштија со 1,25 долари на ден, според најновите статистички податоци на УНИЦЕФ. Меѓутоа, официјалните статистички податоци за бројот на сексуалните работници во Нигерија се недостапни.
Откако нејзиниот сопруг починал, Окана се борела да преживее. На крајот, таа го послушала советот на една нејзина пријателка да се обиде во сексуалната работа.
Во текот на оваа година, педесет комерцијални сексуални работници маршираа низ Фаломо, популарната област на островот Лагос во југозападниот дел на Нигерија, повикувајќи на почитување на нивните права.
Клучниот организаторот беше Маргарет Она, извршен директор на Safe Haven International, нигеријска лоби група коа ги застапува девојките и жените, а особено комерцијалните сексуални работници, и државен координатор на African Sex Worker Alliance, регионален проект кој се стреми да стави крај на кршењето на човековите права на сексуалните работници.
Маршот го одбележа Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, кој првпат се одбележа на 3-ти март од 2001-та година.
„Маршот стана глобален настан“ – вели Она. „Првпат е одржан во Индија, каде што 25 илјади сексуални работници се собраа да ја прослават сексуалната работа. Откогаш во многу други земји се одржува маршот.“