07 Aug Холандската војска се приклучи на геј прајдот
Aмстердам, (АП) – Во согласност со политика “Кажувај”, како спротивност на праксата „Не прашувај, не кажувај“, холандската војска за првпат се приклучи кон овогодинешната геј парада во Амстердам, со учеството на униформирани мажи и жени кои ја поздравуваа толпата од брод кој пловеше низ историскиот градски канал.
Бродот украсен со балони и грбовите на единиците на холандската војска, а спонзориран од страна на Министерството за одбрана, пловеше меѓу осумдесетнина други бродови, од кои одекнуваше музика и на кои играа танчери облечени во екстравагантни костими.
Парадата во форма на фестивал, следен од стотици илјади гледачи долж брегот на каналот Принсенграхт, траеше една недела и беше проследен со околу 300 настани. На фестивалот се одржа и популарната “Дрег квин олимпијада” на која се случуваа натпревари како трка на штикли и фрлање на чанта далечина.
Американски и британски активисти отпловија со холандските генерали и другите високи офицери од кои некои се геј, а пак други покажуваат солидарност кон ЛГБТ каузата – заедно со осумедесетчлен персонал од војската и Минстерството за одбрана.
За разлика од американската армија,во холандските воени единици хомосексуалците отворено можат да служат уште од 1974 година, а веќе дваесет и пет години имаат оддел во рамките на Министерството кое води сметка за нивните интереси, наречен Фондација за хомосексуалците во вооружените сили.