Акции на регионалните ЛГБТ инцијативи за време на празниците

Акции на регионалните ЛГБТ инцијативи за време на празниците

Додека во регионот се славеше Божиќ и Нова Година, ЛГБТ инцијативите организираа јавни акции во Босна и Херцеговина и Црна Гора

 

Независна група на активистки и активисти на 30-ти декември организираше акција на поставување на плакати во Бања Лука, Тузла, Сараево и Прејдор. На плакатите кои беа поставени на видни локации во пошироките центри на споменатите градови беа напишани пораките на ЛГБТИК заедницата во кои се повикува на остварување на правата на ЛГБТИК лицата на слобода, љубов и почитување, а се осудува насилството и злосторствата сторени од омраза врз ЛГБТИК лицата.

 

Реакцијата на активистките и активистите во Босна и Херцеговина беше потикната од ескалацијата на наслиството врз и говорот на омраза кон ЛГБТИК лицата во изминатата година: забраната на доброволна донација на крв на студентката Ламија Топчагиќ врз основа на нејзината сексуална ориентација и заканите од страна на вработено лице во Филозофскиот факултет во Сараево кое и рекло: „Да беше мое дете, би те убила на самото место“, насилството на кое беа изложени ЛГБТИК активистките и активистите во Косово и физичкиот напад на момче од Мостар врз основа на неговата сексуална ориентација.

 

Покрај злосторствата предизвикани од омраза врз ЛГБТИК лицата, се случи и алармантен пораст на говорот на омраза во јавниот простор, предупредуваат активистите. Се појавија отворени смртни закани на улиците: „Смрт за педерите“, „На колец“, „Педери лезбејки – надвор!“. ЛГБТИК лицата во Босна и Херцеговина секојдневно се изложени на насилство и замолчување како во приватните така и во јавните простори, затоа на овој начин активистките и активистите од Босна и Херцеговина праќаат јасна порака дека јавното молчење нема никого да заштити и дека граѓаните и граѓанките на Босна и Херцеговина требаат активно да се залагаат за почитување на темелните човекови права и слободи, да го осудат и законски санкционираат нинвното отвореното кршење и загрозување.

 

Од Црна Гора стигаат вести за акцијата “Sealed love” од страна на Queer brigade. На фотографиите од акцијата можат да се видат катанци на кои се ноаѓаат имињата на истополови парови напишани во различни бои кои активитите ги поставуваа низ Подгорица.

 

Извор: queer.hr