Сексуалните работници во одбрана на борделите

Сексуалните работници во одбрана на борделите

Activist Brothel

Јужнокорејските макроа и сексуални работници препоставуваат дека можат да заработат многу на претстојните зимски олимписки игри во Пјонгчанг во 2018-та година. Тие јавно се заложија дека ќе се борат против постојаните полициски упади во нивната професија. Масовни протести веќе почна да се одржуваат низ улиците на Сеул.

Чајна пост објави дека сексуалните работници од Јонгдеунгпо се подготвувале за опсада од страна на полицијата, и дека наводно се снабдувале со молотови коктели и останати запаливи материјали. Големи знаци со црвени букви биле оставени како предупредување за полицијата дека тие ќе се борат за да ги заштитат своите домови.

Четириесетиседум годишна мадам која на новинарите само им го кажа своето презиме – Сон, вели дека можно е да ги употребат запаливите материи и дека се спреми да умрат борејќи се, но дека се свесни дека немаат големи шанси да победат во оваа борба.

Протестите на сексуалните работници против полициските рации се случуваат често во Јужна Кореја, но протестите во Јонгдеунгпо привлекоа голем број на сексуални работници, нивни клиенти и подржувачи, што е необичен настан во поглед на бројноста и добрата организација.