Шведски фудбалски тим ја суспендира целата прва постава поради хомофобичен испад

Шведски фудбалски тим ја суспендира целата прва постава поради хомофобичен испад

Шведски фудбалски тим ја суспендира целата прва постава поради извикување на хомофобични навреди кон ривалскиот тим составен од ЛГБТ лица и охрабрување на навивачите да го сторат истото.

 

Според Метро, играчите на Sörskogens IF извикувале слогани како „Сите не заразивте со СИДА“, а некои од играчите ги охрабрувале фановите да ги извикуваат истите слогани за време на мечот против Стохолм Снајперс, тим кој има цел да биде инклузивен кон лица со различен бекграунд.

 

Дел од членовите на Sörskogens IF им се заканувале на играчите на Снајперс, и тренерот Кристофер Смиц потврди дека играчите се заклучиле во соблекувалната по завршувањето на мечот се додека стадионот не бил целосно испразнет.

 

„Беше непријатно кога отидовме во соблекувалната по завршувањето на мечот. Откако ситуацијата се зажести на теренот, еден од нашите играчи доби закани од играчите од противничкиот тим“ – изјави Смиц за шведското радио.

 

Стокхолмската фудбалска асоцијација го казни седмолигашот Sörskogens IF со казна од 500 фунти, но бордот на тимот одлучи дека е потребно да се преземат подрастични мерки во врска со инцидентот.

 

Минатиот петок, претседателот на клубот, Кетил Торп, изјави дека нема да се толерира хомофобијата за време на фубалските мечеви на својот тим. Тој на бордот му порачал : „Нема друг избор освен да се суспендира целиот тим“.