07 Dec Трансродовоста повеќе не е ментално пореметување
Минатата сабота, одборот на доверители на Американската Психијатриска Асоцијација ги одобри последните предлог-измени на Дијагностичкиот и статстички прирачник на метнални пореметувања, кој ќе биде познат како DSM-V. Ова претставува историски момент за трансродовите лица и оние кои не се конформираат кон родовите норми, бидејќи нивните идентитети повеќе не се класифицирани како ментално пореметување. Хомосексуалноста беше декласифицирана на сличен начин во далечната 1973.
Досега, терминот „пореметување на родовиот идентитет“ беше употребуван за дијагностицирање на трансродовите лица. Конзерватиците го користеа овој аргумент за да ја делегитимираат целата трансродова заедница како ментално болна и пореметена. Во некои случаи, дијагнозата беше користена за да се дискриминираат транс лицата со тврдења дека тие се неподобни родители или вработени. Од друга страна пак, компаниите за осигурување беа повеќе волни да ги поркијат трошоците за родовата транзиција, бидејќи третманот за заболеност повеќе се смета за медицински неопходен, отколку како само за коземетички третман.
Во новиот прирачник, трансродовите лица ќе бидат дијагностицирани со „Родова Дисфорија“ со која се објасува емоционалниот стрес кој резултиира од „означената инконгруентност помеѓу исусениот или изразениот род и одреденот род на една личност“. Со ова ќе се овозможи афирмативен третман и транзиција без стигмата која ја преизвикува „пореметувањето“. Во текот на годината, АПА ги објави новите здравствени упатства за трансродовите пациенти како и изјава со која се потврдуваат негата за трансродовите лица и нивните граѓански права. И двата документи се во согласност со новите стандарди за почитувањето на траснородовите лица во рамките на медицинската заединца.
Откако хомосексуалноста беше декласифицирана како ментално пореметување, се формираа голем број на екс-геј организации кои протестираа против одлуката за афирмација на нехетеросексуалните ориентации. Неколку опасни екс-транс организаци веќе постојат меѓу кои најгласните се Focus on the Family, NARTH, PFOX и други анти-ЛГБТ организации. Постои можност нивните реакции да бидат погласни по објавувањето на ова ревизија на ДСМ прирачникот.