Канадската ЛГБТ заедницата протестираше против анти-геј законот во Уганда

Канадската ЛГБТ заедницата протестираше против анти-геј законот во Уганда

Активисти за геј права и подржувачи на Кандскиот центар за истражување минатиот понеделик протестираа пред пред Високата комисија на Уганда против таканаречениот „смрт за хомосексуалците“ закон.

 

Детаљите од контроверзниот закон се уште не се објавени, но минатиот петок Дејвид Бахати член на парламентот на Уганда изјави за Асошиејтед прес дека овој закон повеќе не ја вклучува смртната казана. Усвојувањето на законот се очекува наскоро.

 

Законот се фокусира на заштитата на децата од геј пронографија и забраната на геј бракот. Бахати изјави дека некои од казните вклучуваат и затворска казна.

 

Кевин Смит, претстедателот на Кандскиот центар за истражување, изјави дека протестот имаше за цел да и соопшти на владата на Уганда дека ЛГБТ заедницата ја набљудува ситуацијата.

 

„Во 2012-та не можеме да прифатиме злоупотреба на ЛГБТ лицата во земјата“ – рече тој додека десетици демностранти држеа транспаренати на кои пишуваше „љубовта не е смртна казана“.

 

Смит изјави дека слушнал спортиставени извештаи во врска со тоа дали смртната казна важи за хомосексуалните акти.

 

„Доколку биде усвоен, а со жалење очекуваме дека ќе биде, очекуваме канадската влада да престане да и дава помош на Уганда – изјави Смит, додавајќи дека и други земји би требало да го следат овој пример. „Треба да престанеме да даваме помош на земји кои си ги убиваат сопствените граѓани“.

 

Канадските медиуми соопштија дека минатиот октомври кандскиот министер за надворешни работи, Џон Беирд, го критикувал третманот на Уганда на геј лицата и лезбејките во која го спомнал случајот на еден геј активист од Уганда кој бил претепан до смрт.

 

Како одговор на оваа критика, Бахати изјавил дека Беирд е „арогантен“ и „неук“ и побарал извинување.