16 May ИЛГА: Европа е поделена
Утре се одбележува 17-ти мај Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата. Секоја година ИЛГА-Европа го разгледува прогресот направен од европските земји наспрема почитувањето на човековите права и обезбедувањето на целосна еднаквост на лезбејките, геј, бисексуалните и транссексуалните луѓе со објавувањето на мапата и индексот Виножито Европа.
Главните трендови кои се запазуваат се:
– Ниту една од земјите во Европа не им обезбедила целосен легалитет на ЛГБТ луѓето. Секоја земја во Европа има уште многу работа за да постигне ЛГБТ еднаквост, дури и оние со највисок индекс како Обединетото Кралство, Шведска и Шпанија.
– 14 земји, вклучувајќи и една членка на ЕУ се наоѓаат во „црвената“ зона со која се означуваат земјите во кои има повреди на човековите права и дискриминација.
– Постојат значајни варијации помеѓу земјите во Европа, додека едни направиле напредок минатата година (Германија, Португалија), други воопшто не се движат кон поголемо признавање на правата (Кипар, Италија, Латвија, Малта, Турција, Украина), додека пак кај трети (Литванија, Унгарија) се забележува назадување.
– Голем број на ЕУ земји се во близина или под просекот кога станува збор за почитувањето на човековите права и правна еднаквост на ЛГБТ луѓето. Ова е особено загрижувачки кога ќе се земе предвид дека целосниот просек на Европските земји е слаб.
Превземете ја мапата овде.
Превземете го индексот овде.