Инцидент на старт на маршот на толеранцијата

Инцидент на старт на маршот на толеранцијата

Автор: Михајло Видимлиски

Извор: http://24vesti.mk/incident-na-start-na-marshot-na-tolerancijata

 

Наместо толеранција, инцидент непосредно пред почетокот на маршот со кој се повикуваше стоп на дискриминацијата.

 

Кочо Андоновски, претседателот на Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација и Марко Ковачевски, член на друга организација, физички биле нападнати.

 

Со двајцата активисти насилно се пресметале неколку лица во моментот кога ги местеле штандовите на градскиот плоштад. Веднаш биле префрлени во болница каде Ковачевски бил задржан.

 

Полицијата веднаш реагирала. На распит во МВР приведен е 38-годишен скопјанец.

 

Од Хелсиншкиот комитет не се изненадени од инцидентот, затоа било побарано силно полициско обезбедување на маршот.

 

Маршот се одржува по четврти пат, а годинава е посветен на ЛГБТ популацијата во Македонија. Воедно се даде и поддршка за жените погодени од говорот на омраза, а се апелираше и за почитување на законот за спречување и заштита од дискриминација и негова имплементација во реалноста.